Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

20 ГОДИНИ ОД ЗАГИНУВАЊЕТО НА ВОЕНИТЕ РЕЗЕРВИСТИ КАЈ ГАЈРЕ

Пред 20 години, битолчаните Влатко Миленковски и Благојче Силјановски, како и Пеце Матичевски од Новаци, беа тројцата воени резервисти, припадници на баталјонот на Воената полиција од Битолскиот Корпус, кои во заседа загинаа во близина на селото Гајре.Во нивна чест пред споменикот „Ангел“ во паркот кај Градскиот часовник и пред споменикот во касарната посветен на загинатите бранители, цвеќе положија градоначалникот на Општина Новаци, Љубе Кузманоски, градоначалничката на Општина Битола, претставници на Советот на Општина Битола, претставници на Министерството за одбрана, одделение за одбрана Битола, семејствата на загинатите, припадници, на АРМ, СВР Битола, воени резервисти од други општини, политичките партии и други лица.„Денеска се навршуваат 20 години од згаснувањето на три млади животи за нашата Македонија, за слободата и условите во кое ние денес живееме. Оддавањето помен значи дека мора да се сеќаваме на нив, но и на нивните семејства, на нивните потомци, кои не смееме да ги заборавиме“, рече градоначалникот на Општина Новаци, Љубе Кузманоски.

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top
Skip to content