Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

15-тата седница на Советот за развој на Пелагонискиот регион се одржа во општина Новаци

DSC_4695

На денешната 15- та седница на Советот за развој на Пелагонискиот плански регион која се одржа во новите простории на деловниот центар во Новаци  градоначалниците на деветте општини разгледаа околу десеттина точки кои се најдоа на денешниот дневен ред

Седницата започна со усвојување на записникот од претходната седница. Потоа следуваше разгледување на неколку информации и тоа: за одобрените проекти од Програмата за регионален развој за 2016 година, за текот на реализација на проектите одобрени од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2015 година, кофинансирањето на Центарот за развој на пелагонискиот плански регион за 2016 година,  текот на реализација на проектот Интегрирана мрежа за регионален развој финансиски поддржан од УНДП.

Градоначалниците ја разгледаа и информацијата за аплицирање на проект во програмата за Јапонска амбасада и можноста за потпишување на Меморандум за соработка помеѓу ЦРППР и 9-те општини во Пелагонискиот регион.

Пред присутните беше презентирана и можноста за соработка со Германското друштво за меѓународна соработка – ГИЗ.

Седницата беше затворена со презентација на информацијата за учеството на ЦРППР на меѓународната конференција за активен туризам Adventure next Balkan, во Охрид која се одржуваше во периодот 10-12 мај 2016 година.

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top