Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

13 талентирани спортисти на средба со градоначалникот Стевановски

Тринаесет талентирани спортисти ученици во ЦОУ „Славко Лумбарковски“ Новаци беа поканети во кабинетот на градоначалникот на Општина Новаци Стевче Стевановски за да ги презентираат своите награди и спортски достигнувања кои ги освоија на организираните спортски натпреварувања по повод 4 ти ноември празникот на Општина Битола.

„Особено мие мило што нашите ученици од ЦОУ „ Славко Лумбарковски“ под менторство на тројцата наставници по физичко образование покажуваат вакви одлични резултати во индивидуалните и групните спортски настани кои се организираат на меѓуопштинско ниво. Она што го слушнав во разговорот со дечињата женскиот фудбалски тим во кој членуваат ученици од шестто до деветто одделение освоил второ место, две дечиња од осмо и деветто одделение освоиле прво и второ место во атлетика додека три деца од осмо одделение освоија прво место во пинг понг. Им честитам на нивните успеси , им посакувам уште многу награди понатаму а јас им ветувам дека секогаш ќе им стојам на располагање да им помогнам во нивните спортски подвизи.“ рече Стевче Стевановски, градоначалник на Општина Новаци.

Спортските активности во ЦОУ „ Славко Лумбарковски“ Новаци се организираат под менторство на тројцата наставници по физичко образование: Дивитарот Менде, Александар Митровски и Ристевски Васко.

„Голема благодарност и пофалба до градоначалникот Стевановски, сакам да кажам дека ова досега не се случило во мојот работен век како наставник во ова училиште ниту еден градоначалник не ги има повикано дечињата да дојдат во неговиот кабинет за да му ги презентираат наградите и да поразговара со нив за нивните достигнувања и спортски афинитети.“ рече Менде Дивитаров, наставник по физичко образование во во ЦОУ „Славко Лумбарковски“ Новаци.

Во програмата за образвоние на Општина Новаци за 2022 година , на предлог на градоначалникот Стевановски се предвидуваат финансиски средства за ученици кои ќе освојат награди во било која област како и за нивните ментори. На овај начин локалната самоуправа сака да ги стимулира младите ученици да вложуваат во своите афинитети и таленти со цел да бидат спортски и научни амбасадори на општината.

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top
Skip to content