Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

100 дена локална власт во Општина Новаци

1.Затекната состојба

До денес вкупниот долг на Општина Новаци направен од претходното раководство на чело со екс градоначалникот Љубе Кузманоски, изнесува 67.111.374,00 денари. Овие долгови се резултат на неговите нерационално-тенденциозно потпишани договори кои нема да донесат никаков економски развој на Општина Новаци. Побарана е ревизија на целокупното работење во мандатот на претходниот градоначалник од СДС Љубе Кузаманоски од Државна ревизија и од Општина Македонски Брод со кои имаме меѓуопштинска соработка за ревизија.

2.Отчет спроведени и отпочнати проекти во 100 дена од мојот мандат:

  • Донесен е буџетот на Општина Новаци за 2022 година во износ од 2,6 милиони евра. Вкупните буџетски средства со кои ќе располага општината во 2022 година се околу 163 милиони денари од кои најголем дел му потпаѓаат на основниот буџет околу 127 милиони денари , другите средства ќе бидат за блок дотации и ќе бидат наменети за институциите кои се под надлежност на Општина Новаци. За капитални расходи во оваа година се планирани 56 милиони денари од кои добар дел се наменети за отплата на стари долгови кои се натрупани од претходното локално раководство меѓутоа ние како локална самоуправа предвидовме и направивме и ќе направиме се што е во наша моќ да имаме добри развојни проекти за жителите на нашата општина.
  • Креиравме транспарентен Буџет на Општина Новаци за 2022 година а за таа цел ги посетив сите поголеми населени места:Новаци, Добромири, Далбеговци, Горно и Долно Агларци, Бач, Гермијан и Живојно со цел да слушнеме кои се проблемите и потреби на жителите и да направиме буџет по нивна мерка. Исто така на веб страната на општината ставивме алатка на која самите жители можеа да предлагаат проекти кои им се потребни и кои сметаат дека треба да се реализираат.
  • Општина Новаци издвои 1 милион денари од својот буџет за субвенции за набавка на високо ефикасни инвертер клима уреди за жителите на Општина Новаци.На јавниот повик беа поднесени 36 барања а висината на еднократната парична помош изнесуваше 20 000 денари бруто износ со вклучен персонален данок.
  • Општина Новаци издвои 3 милиони денари од сопствениот буџет за 2022 година за субвенции за термоизолациони фасади како едно од предизборните ветувања кои ќе бидат исполнети во првите 90 дена од започнувањето на мојот мандат. Финансиските средства на овој Повик се обезбедени од Буџетот на Општина Новаци за 2022 година – Програма Р1 – Заштита на животна средина.Финансиските средства на овој повик, ќе се користат за делумен надоместок во висина од 30 % од вкупната сума на фактурата но не повисока од 90 000 денари бруто износ по барател.
  • Во фаза на изработка е основен проект за изградба на дел од улична мрежа за с.Новаци (улица од пошта до Златен клас во с.Новаци до крајот на каналот) во должина од 1200 м-1500 м која ќе води до Индустриска зона Новаци и ќе ги запази критериумите за модерна патна инфраструктура од таков тип.
  • Од оваа година Општина Новаци почнува да работи согласно своите овластувања за отуѓување на градежно неизградено земјиште  во државна сопственост. Согласно програмата донесена според Законот за градежно земјиште во тековната 2022 година планираме да огласиме на јавна лицитација и отуѓување околу20 хектари градежно земјиште на потенцијални инвеститори за различни намени: најголемите површини ќе бидат наменети за изградба на индустриски капацитети а останатиот дел ќе бидат наменети за индивидуално домување.
  • Објавен е јавен повик за поднесување барање за проценка на штети од земјотресот кој се случи на ден 09.01.2022 година за жителите на општина Новаци.Поднесени се 165 барања.Во следниот период ,Комисијата за проценка на штети при Општина Новаци ќе излези на терен да ја утврди фактичката состојба, ќе изготви елаборат и истиот  ќе го достави до Владата и Првостепената комисија за проценка на штети при Влада  за понатамошна исплата на штетите.
  • Го организиравме традиционалниот настан за Богојавление Водици 2022 на 14 населени места во Општина Новаци и за таа цел ќе се исплатат вкупно 84 000 денари.
  • Набавени се 14 таблети за децата од четвртто одделение во ЦОУ „Славко Лумбарковски“ Новаци кои работат и следат настава според Концепција за основно образование преку електронски учебници. Долг период родителите реагираа и даваа забелешки дека нивните деца немаат услови и апарати за следење на наставната содржина. Со цел да им се излези во пресрет на учениците и родителите од буџетот на Општина Новаци се издвоија 105.000 денари за оваа намена.
  • Заменети се старите и дотраени лавабоа и чешми во подрачните училишта Живојно и Гермијан а ќе започне и санацијата на електричната инсталација во училиштата во Бач, Живојно и Гермијан.
  • Општина Новаци доби мултифункционално противпожарно возило за гаснење на пожари , донација од Операција Флоријан со кои е потпишан Меморандум за разбирање и соработка во областа на градење на капацитети и развој на противпожарната служба.
  • Општина Новаци успешно го реализира проектот „ Ранливи категории 2 “ од Програмата Општинско корисна работа.Станува збор за 9 месечен проект преку кој се ангажирани двајца дефектолози- логопеди за работа со децата од ЦOУ„ Славко Лумбaрковски“ и детската градинка „ Бамби“ од Новаци. Опфатени се вкупно 21 дете. Општина Новаци проектот го реализира во соработка со UNDP, Агенцијата за вработувaње и Министерство за труд и социјална политика.
  • На првата седница на новиот Совет на Општина Новаци на мој предлог донесовме одлука паричниот надомест за прваче кој се исплаќа во бруто износ од Буџетот на општината, од 5000 денари да го зголемиме на 6000 денари. Иста така донесовме одлука за зголемување на паричниот надоместок за новородено на 6000 денари. Досега се исплатени 144 000 денари за вкупно 24 првачиња.
  • Остварив средба со 13 талентирани спортисти ученици во ЦОУ „Славко Лумбарковски“ Новаци кои ми ги презентираа своите награди и спортски достигнувања кои ги освоија на организираните спортски натпреварувања.Токму затоа во програмата за образование на Општина Новаци за 2022 година , на мој предлог се предвидени финансиски средства за ученици кои ќе освојат награди во било која област како и за нивните ментори. На овај начин локалната самоуправа сака да ги стимулира младите ученици да вложуваат во своите афинитети и таленти со цел да бидат спортски и научни амбасадори на општината.
  • На моја иницијатива како исполнување на едно предизборно ветување организирав акција за пошумување во месноста викана Преслап во атарот на село Маково.Во оваа акција беа вклучени претставници од администрацијата и Советот во Општина Новаци, младите, ученици од ЦОУ,, Славко Лумбарковски “, комуналното претпријатие,, Комунална Хигиена”, претставници на политичките партии и Унија на жени.Засадивме багреми донација од Македонски шуми. Голема благодарност до ова општествено одговорно претпријатие кое ја поддржа иницијативата и се вклучи во акцијата за почист воздух и заштита на животната средина.
  • Беше спроведена акција на чистење на дел од каналот на потегот од раскрсницата кон РЕК до горниот дел од Новаци, кој беше обраснат од бујна вегетација а по претходно барање на наши жители. Општина Новаци од сега натаму ќе биде сервис на граѓаните. Токму затоа ги охрабрувам и апелирам жителите за секој проблем да се јавуваат или да пишуваат на веб страната на општината во рубриката „Пријави проблем“ а нашите служби ги процесуират барањата до соодветните службеници и потоа за истите ќе се реагира соодветно со цел нивно решавање.
  • Фолклорот и народниот мелос е нашата традиција. Токму затоа на КУД Новаци од Новаци им обезбедив простории каде редовно ќе вежбаат ќе ја негуваат, шират и ќе ја пренесат на идните поколенија македонската песна и игра и ќе бидат културни амбасадори на Општина Новаци.
  • Општина Новаци е дел од проектот „Зајакнување на луѓето од Пелагонија“во кој активно се вклучени 6 млади лица од нашата општина. Во рамките на овој проект беше потпишан меморандум за поддршка и унапредување на демократските процеси во Пелагонискиот регион помеѓу градоначалниците  од општините Могила, Крушево, Ресен, Долнени, Демир Хисар и Кривогаштани и Здружението за унапредување на демократските процеси Про Локал. Проектот е финансиски  поддржан од Амбасадата на Кралството Холандија преку Програмата МАТРА.
  • На почетокот на 2022 година започна да функционира Електронската архива во општина Новаци во која сите предмети, барања, записници, одлуки и сл. се внесуваат во Е-деловодник.Е- архивата овозможува лесен и брз пристап до документацијата а овозможува и нејзино чување во скенирана форма.Документите се заштитени од неовластен пристап, менување или неовластено печатење.
  • Воведување на родовиот аспект во локалните политики, родова еднаквост при буџетирањето, родово сензитивни политики во време на пандемија и ранливи категории се само дел од темите на кои Општина Новаци ќе работи со претставниците на UN WOMEN Телото на Обединетите Нации за родова еднаквост и зајакнување на жените.
  • Општина Новаци од оваа година ќе биде дел од проектот на УСАИД за „Зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите“ со кој ќе се зголеми ефективноста на системот за наплата на даноци и такси, зголемен пристап до надворешно финансирање на општините, зголемено ниво на извршување на општинскиот буџет  и подобрување  на процесот на децентрализација.
  • Во периодот пред новогодишните и божиќните празници кога подршката не е обврска, тука задоволство доделивме 41 пакет со прехрамбени продукти и 23 детски новогодишни пакетчиња за социјално загрозени семејства. Во акцијата беа поделени и 40 пакети од Здружението Банка за храна. На мој предлог со одлука на Советот на Општина Новаци две третини од средствата за новогодишно украсување беа пренаменети за помош за социјално ранливите категории.
  • Организиравме детската новогодишна претстава,, Магично другарство во новогодишното царство” за сите дечиња од ЦОУ „Славко Лумбарковски“ Новаци , им поделивме новогодишни пакетчиња и детска книга по повод новогодишните и божиќните празници.
  • Донирани се новогодишни пакетчиња за дечињата во Здружението на лица со оштетен вид во кој членуваат 15 жители од Општина Новаци.
  • Остварив работна посета на општините Пожаревац и Костолац, Србија и учествував на 15 тото меѓународно собрание на тема: „Одржливиот развој на Браничевиот округ и енергетскиот комплекс Костолац“ на кое се дискутираше на теми од областа на енергетиката и животната средина. На средбите што ги остварив таму со првите луѓе на овие општини се разговараше за можните начини на меѓусебна соработка на општините од Пелагонискиот регион со општините од Браничевиот регион, како многу слични општини кои се соочуваат со слични проблеми во областа на енергетиката, земјоделството и животната средина. Во идниот период работиме на потпишување на официјален документ помеѓу општините Новаци, Пожаревац и Костолац во вид на меморандум за меѓусебна соработка и размена на искуства во општина Новаци.
  • Во услови на енергетска криза која се повеќе е актуелна не само во нашата држава туку и во светски рамки, се повеќе се зголемува интересот кај приватните инвеститори за вложување во фотоволтаични и биогасни централи и други слични начини на производство на енергија од обновливи алтернативни извори. Во изминатите 100 дена остварив бројни средби со заинтересирани приватни инвеститори. Како локална самоуправа наша должност е на сите заинтересирани да му обезбедиме комплетна логистичка поддршка, потребна документација, решенија за градба, урбанистичка документација, да им помогнеме во воспоставување на линковите со другите институции како ЕВН и други одлуки од наша надлежност.Веќе се започнати постапки за изградба на две биогасни централи до 1 MW кои ќе се градат во КО Добромири. Исто така имаме една локација за изградба на фотоволтаична централа од 50 MW во КО Билјаник која има одобрение за градба и се чека наскоро инвеститорот да започни со градба
  • Претставници од Стопанската комора за трговија и индустрија Сакариа, Турција беа гости во Општина Новаци изразувајќи го својот интерес за отворање на претставништва и производни капацитети од лесна незагадувачка индустрија во Индустриската зона Новаци. Заинтереасирани се за отворање на производни погони за земјоделски машини, каучук, пластични шишиња, железарија,контејнери за превоз, камп приколки и сл. за што првично ќе ни се потребни парцели кои ќе зафаќаат околу 15 хектари.Преговорите се во тек а наскоро очекуваме и конкретни информации за инвестицијата со која ќе го поттикнеме локалниот економски развој на овие предели.Заинтересираните турски инвеститори упатија покана за возвратна посета на нивната Стопанска Комора во која членуваат 6000 фирми со 35 различни области на делување,со цел остварување  директни контакти и средби со потенцијалните инвеститори и посета на нивната индустриска зона во Адапазари.
  • Општина Новаци ќе биде дел од проектот „ Европска ознака за извонредност на управувањето ELOGE кој има за цел да ги поддржи единиците на локалната самоуправа да ги подобрат своите стандарди и да обезбедат висококвалитетни услуги во рамките на локалната самоуправа. Проектот ќе се имплементира во соработка со Европската асоцијација за локална демократија АЛДА.
  • Општина Новаци беше покровител и домаќин на 21 те Пелагониски културно-научни средби, научна манифестација од која произлегоја многу трудови и научни зборници. На средбата се презентираат трудови од областа на историјата и македонистиката посветени на културно-историските и духовни вредности на Oпштина Новаци, но и другите населени места кои ја сочинуваат географијата на Пелагонија.
  • Направивме донаторска акција заедно со ОО на Црвен крст Битола  за семејството Ристевски од Живојно,семејство кое се наоѓа во тешка социјална состојба. За таа цел им дониравме пакети со облека , храна, дрва и средства за хигиена.

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top
Skip to content