10 годишeн јубилеј на Здружение на жени „Силата на бабата“ од Општина Новаци
Здружение на жени „Силата на бабата“ од Општина Новаци денеска со скромен настан и подготвени домашни традицијални јадења карактеристични за овие простори, го одбележаа 10 годишниот јубилеј од основањето и успешното функционирање.
Им честитаме и им посакуваме да прославуваат уште многу годишнини, секоја наредна година да слават со уште поголем број на членки, со голем број на реализирани проекти и весели и успешни меѓусебни дружења.
0 Comments