Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Форум „Европски перспективи за локалната самоуправа“ во Битола

Која е улогата на локалната самоуправа во процесот на евроинтеграција, колку се користат ЕУ фондовите од страна на општините во Македонија, како фондовите можат да бидат искористени најдобро што можат со цел да придонесат кон локалниот развој – се дел од темите кои ќе бидат опфатени во рамките на форумот на тема „Европски перспективи за локалната самоуправа“ кој од денеска до 31 март се одржува во Битола, а кој е прв од ваков вид во Македонија. Во рамките на тренингот ќе се одржат неколку панел дискусии, дебати и тренинг сесии, а на истиот учествуваат над 80 учесници, односно членови на општински совети, државни службеници кои работат во општините, претставници од Центрите за регионален развој и граѓански организации.

Форумот го отвори министерката за локална самоуправа Ширет Елези, која истакна дека од исклучителна важност е постојано да се наградуваат капацитетите на општините и планските региони, како и да се споделат искуствата со цел институциите да ги чујат евентуалните проблеми. Министерката исто така посочи дека општините имаат голема улога во процесот на ЕУ интеграции на РМ, бидејќи тие се важна алка за поврзување на граѓаните и локалните чинители.

– Целта на Министерството за локална самоуправа е во вториот програмски период да покажеме уште поголема подготвеност и искористеност на средствата над 90%. Министерството за локална самоуправа во вториот програмски период ќе биде надлежна над 100 милиони евра колку што изнесува и вкупниот буџет на сите пет програми за прекугранична територијална соработка 45.5 милиони евра со програмата со Грција, 12 милиони евра програмата Македонија со Албанија, 19.5 со Бугарија, 8.5 милиони евра Македонија со Косово, и 40 милиони евра за транснационалната програма на Балкан Медитеран од кои 5 милиони евра се наменети за земјите Македонија и Албанија, изјави, Ширет Елези, Министерка за локална самоуправa.

Министерството за локална самоуправа во вториот програмски период од Програмата за прекугранична соработка ќе биде надлежно на над 100 милиони евра, а целта на министерството е овој пат да покажат уште поголема подготвеност и искористеност на овие средства и тоа над 90%.

Со цел да се дискутира за процесот на европска интеграција на Република Македонија и користење на европските фондови, со посебен фокус на улогата на локалната самоуправа , Европската асоцијација за локална демократија АЛДА-Скопје организира форум на тема „Европски перспективи за локалната самоуправа”.  Овој тридневен настан се состои од неколку обуки и информативни сесии, работилници и дебати. На Форумот ќе учествуваат 70 претставници на локалните власти и други засегнати страни на локално ниво.

Форумот е отворен за членови на општински совети, државни службеници кои работат во општина, претставници од центри за регионален развој и граѓански организации.

– Се надеваме дека дека овој тридневен форум ќе потикнеме некои дебати и прашања и ќе потикнеме дебати и прашања и пред се ќе придонесеме за јакнење на капацитетите на локалната самоуправа во однос на европските интеграции и европските фондови, тоа е и едно од заклучоците кои што произлегоја од нашето истражување кои што го направивме и се вика користење на ЕУ фондовите од страна на Општините на РМ, изјави Ивана Петровска , Директорка на АЛДА Скопје.

Еден од говрониците на форумот организиран на АЛДА беше и градоначалникот на опѓштина Новаци Лазар Котевски, кои се редовни членки на оваа глобална асоцијација.

„Целта на овој форум е сите заедно да продискутираме за процесот на европска интеграција на Република Македонија, меѓусебно да си размениме знаења и искуства, да проговориме за дадените можности и степенот на користењето на европските фондови со посебен осврт на улогата на општините односно локалната самоуправа во целиот овој процес.Општина Новаци е една од ретките рурални општини во државата која може да се пофали со солидно искуство во имплементацијата на европски проекти. Досега имаме реализирано три проекти од програмата за прекугранична соработка Македонија Грција 2007-2013 година.“ рече Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци.

Форумот е организиран во рамки на Програмата за децентрализирана соработка помеѓу Нормандија и Македонија, во соработка со Министерството за локална самоуправа и Секретаријатот за европски прашања. Проектот е поддржан од страна на Министерството за надворешни работи на Франција и Регионот Нормандија.

Back to top
Skip to content