Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Со претставата „ Женско царство“ започна Културно лето Новаци 2017

Претставата „Женско Царство“ во изведба на Театар Колозови и актерите од македонските народни приказни, синоќа на летна сцена во дворот на општината им донесе радост и насмевки на присутните граѓани.

Културното Лето 2017 во Новаци  свечено го прогласи за отворено градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски .

„ Многу ме радува што гледам толкава посетеност на овој настан. Тоа е всушност и нашата цел да ги сплотиме и разонодиме луѓето од руралните средини и се разбира да им понудиме културно уметнички содржини. Неколку години наназад го организираме Културно лето и ќе продолжиме и понатаму затоа што гледам дека од година во година има се поголем интерес за ваквите манифестации кај напите жители. “ рече Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци.

Енергијата која што актерите ја споделија со публиката ќе остане еден значаен момент на јубилејната петта година од одржувањето на оваа манифестација .

„Без оглед на тоа што живееме во рурална заедница ние сите заедно треба да бидеме поборници на вакви културни остварувања кои ќе им бидат пример на нашите деца за остварување на некогаш невозможно остварливите гледишта. Јас ги поканувам сите граѓани на општината па и поширко, активно да ги посетуваат културните настани и да уживаат несебично во нив, со тоа ќе ја покажат нивната културна издигнатост. Средината ќе биде онаква каква што самите ние ја замислуваме- градејќи ја или уништувајќи ја низ годините. “- рече Елизабета Јончиќ, координатор на културната манифестација.

Културното лето Новаци 2017 е под покровителство на општина Новаци. Ќе брои 13 настани распоредени во јули и август на различни локации низ општината.

Back to top
Skip to content