Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

СОВЕТОТ НА ОПШТИНА НОВАЦИ ЈА ОДРЖА 19 ТАТА СЕДНИЦА

По усвојувањето на записникот од претходната 17 – та седница, Советот на Општина Новаци го разгледа и премина на решавање на дваесеттината точки кои се најдоа на денешниот дневен ред.

Беа донесени следните документи:Предлог – Програма за зимско одржување на проодноста на општинските патишта и улици на територијата на општина Новаци за сезоната 2022/23 година, Предлог – Развоен план за комунални дејности на територијата на општина Новаци за период 2023-2025 година, Предлог – Програма за животна средина на општина Новаци за 2023г, Предлог – Одлука за пренамена на средствата во Буџетот на општина Новаци за 2022г., Предлог – Годишен план за јавни набавки на општина Новаци за 2022г. – измена Ноември 2022г. (санација на тоалети во ООУ „Славко Лумбарковски“- Новаци) и Предлог- Одлука за формирање на Комисија за попис на општина Новаци.

Советниците ги разгледаа и неколкуте барања за финансиски средства и тоа: од одделението за Неврологија при Клиничка болница – Битола за набавка на 2 електрични бојлери за потребите на одделението, од КУД „Новаци“ за превоз на играорците до Струга, Охрид, Витолиште , Конче – Радовиш во висина од 45 350,00 ден., од Николче Мицевски за поддршка на промоција на неговиот нов солистички албум со инструментална музика „NEW ERA“ , од црковно иницијативен одбор од с.Сливница (барањето е во повеќе ставки), од Благоја Дојчиновски од с.Новаци за тампонирање на пат.

Како дополнување на дневниот ред на 17 тата седница се разгледаа и барањата за финансиска помош од физички лица по предлог на Комисијата за доделување на еднократна парична помош и тоа од:

• Доста Трајковска од с.Велесело бр. 08-936/1 од 20.10.2022г.
• Целе Тодорчески од с.Далбеговци бр.08-544/1 од 13.05.2022г.
• Мише Ѓоргиевски од с.Добромири бр.03-994/1 од 14.11.2022г.

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top
Skip to content