Се чисти поројот во село Гермијан
Овие денови активно се чисти поројот во село Гермијан, кој беше целосно запоставен,запуштен и обраснат со бујна вегетација од моментот на неговата изградба до денес. Поројот беше изграден со цел да им даде заштита од поплави на месното населени а во состојбата во која се наоѓаше претставуваше огромен ризик при појава на овие несакани природни непогоди. Акцијата за чистење се спроведува во соработка со КЈП „Комунална хигиена“ Новаци и АД „Водостопанство Подружница Битолско поле“.
0 Comments