Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

СЕ РЕКОНСТРУИРА ДОВОДНИОТ ЦЕВКОВОД ОД “5-ТЕ ЧЕШМИ” ВО ДОЛЖИНА ОД 13 КМ ВО АТАРОТ НА С.ГРАДЕШНИЦА И С.СТАРАВИНА

Општина Новаци започна со имплементација на основниот проект Реконструкција на доводен цевковод од “5-те чешми “ во должина од 13 км . Вкупната инвестиција е во вредност од 1.920.000 денари , средства обезбедени од Министерството за животна средина и просторно планирање во висина од 1.500.000 денари а остатокот од Буџетот на Општина Новаци .Инвеститор е Општина Новаци а најповолен изведувач за извршување на градежните работи избрана е фирмата ЗИМАК ДООЕЛ-Битола .
Станува збор за изворот “Петте чешми” и четирите извори од кои со вода се снабдуваат 4 села во Мариовскиот крај и тоа с.Старавина , с.Градешница , с.Будимирци и с.Зович. Со реконструкцијата ќе се изврши санација на доводниот цевковод во должина од 13 км од самиот извор па се до приклуцочите во 4-те села .Овој цевковод е изграден во 1999-2000 год со капацитет на сите извори од 6л/сек. Меѓутоа поради лоши временски услови , поројни дождови кои се сливаат во суводолиците и реките како и дотраени цевки ,видливи се постојани оштетувања на главниот цевковод кој е причина за немањето на вода во 4-те села поготово во летниот период кога е најпотребна за населението и за потребите на сточарството .
Недостатоците кои се појавуваат во текот на експлоатацијата на овој доводен цевковод се оштетувањата на ПВЦ цевките кои се заменуваат со нови .Се врши санирање и расчистување на теренот и расчистување на камења и вегетација како и изградба на бетонски праг на сите премини преку суводолиците и реките со цел заштита од директи оштетувања на цевководот .
Со реконструкцијата на овој цевковод ќе се решат долгогодишните проблеми на жителите од 4-те села со што ќе се обезбеди континуирана екплоатација на вода до крајните корисници во текот на целата година .
Перспективата од реконструкција на овој водовод е во обновувањето на сточарството во овој регион како и надминување на проблемите со водоснабдувањето на локалното население кое останало да живее тука.

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top
Skip to content