Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Се одржа третиот по ред дводневен Фестивал на жетвата во Општина Новаци

Општина Новаци по трет пат ја организира манифестацијата „Фестивал на жетвата” Новаци 2024, кој годинава се одржа на 19 и 20 јули кај манастирот Рождество на Пресвета Богородица во Новаци

Оваа година финансиски Фестивалот на жетвата беше поддржан и од министертвото за земјоделие, водостопанство и шумарство.

На вториот ден од фестивалот беше присустен и министерот за земјоделие Цветан Трипуновски кој ги посети сите изложувачи и сите штандови на  домашни производи, храна и семенски материјали, земјоделска механизација и сл.

На првата вечер во забавниот дел настапуваа Кловнот Диши и детската претстава Љупка и Љубица додека после свеченото отворање и обраќањето на градоначалникот на Општина Новаци Стевче Стевановски настапија Спасен Силјановски и Стојне Николова.

На втората вечер од “Фестивалот на жетвата” премиерно беше изведена песната со наслов “Новаци”. Композитор е Злате Ангелевски, текст Валентин Соклевски, во изведба на Ленче и Горан Кукиќ.Покрај нив настапија Кловнот Диши и претставата Разгалениот принц како и К4 бенд.

Исто така беа доделени признанија на земјоделците од Општина Новаци за својата работа изминатата година како и благодарници на сите учесници и помагачи на фестивалот.

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top
Skip to content