Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Се асфалтираат улици во Зовиќ

Денес направив увид во изведувањето на градежните активности на проектот: Искористување на конкурентните потенцијали во Пелагонискиот регион преку зголемување на капиталните инвестиции во инфраструктура финансиски поддржан од Програмата за рамномерен регионален развој за 2021 година на Министерството за локална самоуправа. Проектот го реализира Општина Новаци во соработка со Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион.

Една од целите на проектот е да се изврши подобрување на патната инфраструктура која е неопходна за развој на туризмот во Пелагонискиот регион.

Имено ќе биде извршено асфалтирање на улица во најпознатото мариовско село, Зовиќ, во кое се наоѓа една од најголемите туристички атракции во регионот – камениот или како што е познат филмскиот мост, и ќе биде извршено асфалтирање на патна делница која води од с. Градешница до познатиот манастир Св. Илија (Брен). Подобрувањето на патната инфрастртуктура во Мариово, пред се, ќе им овозможи подобро искуство на најмалку 10.000 гости од земјата и странство кои годишно го посетуваат Мариово и селото Зовиќ.

Двете инвестиции чинат околу 6 милиони денари обезбедени од Министерството за локална самоуправа.

Изградбата на оваа инфраструктура ќе овозможи ангажирање во туристичкиот сектор на најмалку 3% од маргинализираните групи на жители на регионот (жители на оддалечени рурални средини) во формалната економија преку нивно платено вклучување во креирањето и испораката на туристички услуги за околу 10.000 туристи годишно.

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top
Skip to content