Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

СВЕЧЕНО ОТВОРЕНИ 19-ТЕ ПЕЛАГОНИСКИ КУЛТУРНО-НАУЧНИ СРЕДБИ ВО ОПШТИНА НОВАЦИ

Традиционално по 19-ти пат општина Новаци е домаќин на Пелагониските културно-научни средби кои се одржаа во просториите на ООУ “Славко Лумбарковски” во Новаци .
Организатор на овие средби е здружението пелагониски културно-научни средби при општина Новаци а покровител е Општина Новаци и градоначалникот Љубе Кузманоски .
Во 2000 година се формирани овие средби и по 19 години голем број на научни дејци земаат учество на средбите претставувајќи ги своите сознанија , истражувања и трудови за историјата и развојот на пелагонискиот регион вклучувајќи ја и Општина Новаци .

Градоначалникот Љубе Кузманоски ги отвори научните средби .

” Ми претставува особена чест што и оваа година традиционално веќе 19 години општина Новаци е домаќин на Пелагониските културно-научни средби . Благодарност до претседателот на овие средби г-дин Ѓорѓи Лазаревски за организацијата ,нивно одржување како и опстојување.Општината и советот и во иднина ќе продолжат финансиски да ги поддржуваат овие средби затоа што се од големо значење за општината поради големата афирмација , промоција и популаризација на сите вредности кои ги поседува општина Новаци .Непрекинато сите овие години истакнати научни дејци со своите трудови го збогатуваат фондот на научни сознанија и неуморно работат на афирмација на научната мисла. “-истакна градоначалникот Кузманоски .

На научната средба беа доделени Повелба за животно дело , Признание Златен клас за македонски вознес како и благодарници .

Повелба за животно дело му беше врачена на научниот деец проф д-р Борис Анакиев а Признание Златен клас за македонски вознес им беше врачено на научните дејци од Р.Албанија на г-дин Цветан .З.Мазнику и на проф д-р Вита .Б.Која за афирмација и промоција на македонскиот јазик во Голо Брдо Р.Албанија.

На градоначалникот Љубе Кузманоски од страна на претседателот на научните средби му беше врачено признание за учество и соработка .

Многумина научници сите овие 19 години со своите трудови ги презентираат културно историските и духовните вредности , историјата и развојот на општина Новаци и на други населени места од Пелагонискиот регион .

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top
Skip to content