Свеченост по повод 77 години од постоењето на Црвен крст на Македонија
Во Народниот театар во Битола, по повод Денот на крводарителството и 77 години од постоењето на Црвен крст на Македонија, им беа доделени признанија на крводарителите кои дарувале крв од 50 до над 130 пати, а еден крводарител оваа скапоцена течност хумано ја дарувал дури 141 пат. Признанијата за нивната хуманост и придонес во спасувањето на човечки животи, им ги врачивме заедно со моите колеги градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски и градоначалникот на општина Могила, Драганчо Саботковски.На оваа свеченост им претходеше крводарителска акција во која, учество зедоа и младите од Општина Новаци. Прославата беше затворена со театарската претстава ,,Одам на лов”, во изведба на волонтерите на Клубот на млади при ОО на Црвен крст Битола.
0 Comments