Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Прославен Денот на шегата во општина Новаци

DSC_9209

Денеска е 1 април , денот кога членовите од семејството, колегите и пријателите ќе се обидат, а можеби и ќе успеат, да ве излажат или насамарат.Оваа традиција во светот постои веќе неколку векови, раширена е еднакво на Исток како и на Запад, а последните децении најде свое место и во официјалните медиуми.Денот на шегата денеска го прослави и општина Новаци.

Во општинскиот двор со најразлични маски продефилираа дечињата од ЦОУ „ Славко Лумбарковски“  а потоа и дечињата од Центарот за ран детски развој “Бамби” од  Новаци.

Како и секојa година така и оваа ја посетија општина Новаци и пријатно го изненадија градоначалникот, Лазар Котевски за 1 април – Денот на шегата.Во неговата канцеларија продефилираа спајдермени, принцези, кувари, вештерки, полицајци, кралеви и што уште не.Ова е редовна практика во игротеката Бамби за сите поголеми празници дечињата ја посетуваат општината или пак градоначалникот Котевски присуствува на активностите на најмалите жители на општина Новаци.

DSC_9232

Легендата вели, а на легендите некогаш треба да веруваме, дека Французите во некои области во средниот век, Новата година ја славеле една недела: прославата почнувала на 25 март а завршувала на 1 април. Меѓутоа, во 1582 година се усвоил Грегоријанскиот календар, според кој Нова година се слави на 1 јануари. Очекувано за време без комуникации какво што го познавеме денес, оваа вест не стигнала на време до сите делови на Франција, па имало и такви кои Нова година и понатаму ја дочекувале на Први април.

Празникот настанал така што добро информираните ги исмевале другите.

Секако, оваа теорија има некои многу сериозни недостатоци, но бидејќи денеска е Ден на смеењето, а смеењето е лек за се, за грешките во теоријата можеби во некоја друга прилика.

Исто така, традицијата за Денот на шегата постои и на Исток. Имено, Иранците меѓусебно се шегуваат на 13 ден на Персиската Нова година, која паѓа на 1 или 2 април. Овој празник е воспоставен уште во 536 година п.н.е. се вика Сиздах Бедар и е најстара традиција на шегата од тие кои ги познаваме денес. Поради тоа се верува дека Први април има свои корени и во оваа традиција.

 

 

 

Back to top
Skip to content