Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Прес конференција за планираните проекти за 2017 година и реализираните во 2016

Општина Новаци во изминатиот период работеше доста активно на сите полиња, ја исполнивме целата програма која ја ветивме на локалните избори пред 4 години, но направивме и многу повеќе од тоа.

Но  2017 година ќе биде година на заокружување на значајни проекти  кои ќе останат во трајно наследство на идните генерации.

Во новата 2017 година пред нас стојат значајни предизвици и проекти, кои треба да обезбедат уште поквалитетни услови за живот и стопанисување во општината.

Денешниот прес ќе го започнам со проектите кои планираме да ги реализираме во годината која започна како и неколку капитални проекти за чие завршување се потребни неколку години.

ЗАПОЧНАТИ КАПИТАЛНИ ПРОЕКТИ КОИ ЌЕ СЕ РЕАЛИЗИРААТ ИДНИОТ ПЕРИОД:

  1. Започната е реализацијата на проектот за префрлање на хидросистемот Стрежево преку река Црна со кој ќе се овозможи наводнување на 3000 хектари обработливо земјиште во пелагонискиот регион. Вредноста на овој проект е 3,3 мил евра, досега се вложени 10 милиони денари. Во контекст на оваа тема планирана е и изработка на студија за утврдување на состојбата на системот за одводнување на Пелагонија за што ќе биде одвоен буџет од 2 мил. денари .
  2. Уште еден голем проект кој ќе започне да се реализира годинава а е споменат во програмата РЕАЛНО е спроведување на топлификација Битола – Новаци – Могила од РЕК Битола, проект вреден 47 милиони евра. Овој проект предвидено е да биде завршен во периодот 2017 – 2019 г. Од спроведувањето на овој проект ќе има повеќе придобивки и тоа: ќе се користи топлинска енергија за затоплување на станбени и деловни објекти од горенаведените општини, ќе се намали загадувањето на воздухот во зимскиот период кога се користат други извори на затоплување на домовите, ќе се направат пластеници и оранжерии за производство на раноградинарски култури и сл.
  3. Уште еден голем проект кој е наведен во програмата „Реално“ на ВМРО ДПМНЕ е Проектот за управување со отпад во Пелагониски регион. Општина Новаци има аплицирано за овој проект и е фаворит односно се наоѓа на врвот на листата за избор на локација каде истата ќе се гради. Во моментот се размислува за локацијата кај Мегленци каде веќе има постоечка депонија. Станува збор за модерна депонија чија изградба ќе чини 25 милиони евра , која ќе биде изградена по сите светски стандарди, нема да ја загадува животната средина и нема да биде закана по здравјето на луѓето и животинскиот свет. Дополнителен бенефит ќе биде можноста за отворање на нови работни места за жителите на општина Новаци.

ЗАПОЧНАТИ ПРОЕКТИ КОИ ГОДИНАВА ЌЕ БИДАТ ЗАВРШЕНИ ВО 2017 ГОДИНА

  1. Веќе е започната реализацијата на Проектот „Купи куќа за млади“, определена е локација каде истиот ќе се спроведува и наскоро ќе се започне со изградба на потребната инфраструктура, спроведување на електрична инсталација, водовод, канализација и сл.
  2. Планираме оваа година да отвори руралната амбуланта во с. Бач во објектот кој го реновиравме во 2016 година но оваа година ќе ја пуштиме во употреба, вредност на проектот 1,6 милиони денари
  3. До крајот на месец март 2017 година треба да биде завршена реконструкцијата на рекреативниот парк на река Коњарка – вредност од 88 200 евра – од ИПА проектот „Жива историја жива природа 2
  4. Општина Новаци веќе започна да доделува Грантови за велосипеди. Досега се добиени 150 барања а од нив 50 се веќе реализирани односно им е исплатена еднократна парична субвенција во висина од 4000 денари за набавен велосипед.

ПРЕДВИДЕНИ ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА ЗА 2017 ГОДИНА:

  1. Во делот на инфраструктурата предвидена е изградба на следните локални патишта: прв дел од патот с.Тепавци во должина од 3 км чија вредност ќе изнесува 300 000 евра и прв дел од патот Долно Орехово – Грумази во должина од 4 км со вредност од 280 000 евра.
  2. Планирана е и изградба и на регионални патишта : Рапеш – Старавина чиј буџет изнесува 390 244 евра а рокот на изградба е  2017 – 2020 г. Како и рехабилитацијата на регионалниот пат Кременица – Скочивир во периодот 2017-2018 г.
  3. Асфалтирање и одржување на улици во сите населени места на територијата на општина Новаци во должина од 4 км во вредност од 23 милиони денари и тоа во: Новаци, Далбеговци, Добромири, Горно и Долно Агларци, Рибарци, Бач, Гермијан, Живојно, Старавина, Рапеш, Зовиќ, Маково, Градешница.
  4. Изградба на водовод во с. Мегленци – вредност 3 милиони денари и реконструкција на водоводот 5 чешми за селата Старавина, Зовиќ, Градешница и Будимирци – вредност 4 милиони денари
  5. Изградба на миниакумулации во селата Брод, Арматуш, Грумази, Орле, Долно Орехово, Мегленци,Маково, Рапеш, Старавина и Тепавци.
  6. Изградба на канализациони мрежи во Добромири, Бач, Рибарци и Гермијан.
  7. Изградба на ракометно игралиште во Долно Агларци – вредност 1,6 милион денари – средства од грант од светска банка
  8. Изградба на детски паркови во Новаци, Рибарци, Добромири, Бач и Гермијан.
  9. Од оваа година со програмата „Реално “ предвидено е да стартува проектот Рурални развојни зони и со овој проект се опфатени сите населени места во општина Новаци
  10. Планирано е изградба на заштитен зелен појас и акции за пошумување околу РЕК
  11. Како и досега ќе продолжиме со поддржување на разни културни манифестации Културно лето, Етно свадба, Џип тура и поддршка на спортските активности во општина Новаци за што се планирани средства во износ од 4 милиони денари
  12. Ќе продолжиме и понатаму со урбанизација и изработка на урбанистички планови за поголемите населени места на територијата на општна Новаци
  13. За чистење на диви депонии планирано ние од буџетот на општината да издвоиме околу 700 000 денари додека за одржување на каналската мрежа, бетонирање на канали, атмосферска канализација и поставување на тротоари низ населените места во општина Новаци:Новаци, Далбеговци, Добромири, Горно и Долно Агларци, Рибарци, Бач, Гермијан, Живојно, Старавина, Рапеш, Зовиќ, Маково, Градешница во вредност од 7 милиони денари
  14. Ќе се продолжи со политиката за поддршка на земјоделието преку исплата на субвенции согласно календарот на субвенции
  15. Планирано е да се направи рехабилитација на локална транспортна инфраструктура во општина Новаци која претпре штети од поплавите со средства од ИПА фондовите
  16. Во делот на енергетскиот сектор во програмата „ Реално“ на ВМРО ДПМНЕ планирани се неколку проекти и тоа:набавка на рударска опрема за отворање на рудникот Подинска јагленова серија Суводол буџет 64 500 000 евра рок 2017-2018 г, Истражување на нови наоѓалишта на јаглен во Пелагонија буџет 8 мил.евра рок 2017- 2020 г., Изработка на стратегија за долгорочно и одржливо снабдување на РЕК Битола за периодот  2016 -2046 г. Буџет 100 000 евра, Изработка на главен рударски проект за отворање на рудник за јаглен Живојно –  буџет 1 мил евра  рок 2017-2018, Проект Компаративна анализаза нова ТЕЦ Мариово  буџет 100 000 евра рок 2017 , Модернизација на котли на ТЕЦ Битола  – буџет 30 000 евра рок 2018 -2019 г., Проект Намалување на емисијата на прашина и штетни честички на ТЕЦ Битола -буџет 20 мил. Евра рок 2017-2019 г.
  17. Предвидена е реализацијата на Проектот : Грант за рурален туризам за сопствен бизнис  со предвиден буџет  по поднесено барање од 3500 до 4500 евра грант за започнување на сопствен бизнис. Оваа мерка е особено знаајна за општина Новаци затоа што многу луѓе можат да ја искористат оваа владина придобивка и да започнат сопствен бизнис за развој на алтернативниот туризам во мариовскиот крај.рок 2018 година
  18. Планирано е да се изработи Проект за конзервација на црквата Св.Спас во с.Чебрен – буџет 2,3 мил.денари  рок 2019 г.
  19. Во делот на спортската инфраструктура планирана е изградба на 1 кошаркарско игралиште во Новаци – рок 2020 г.

2016 година за општина Новаци беше динамична година исполнета со многубројни активности во сите сфери на живеење,   година на подем, која изобилуваше со голем број завршени значајни проекти не само за населението на нашата општина туку и за целиот регион. Минатата година локалната самоуправа ја завршивме со бројни реализирани проекти кои биле планирани , но и проекти кои не беа во општинскиоте планови , а ги наметнаа барањата на на граѓаните како и објективните потреби за ургентна реализација и тоа во сите области.

 

ЗАВРШЕНИ ПРОЕКТИ ВО 2016 ГОДИНА

  1. Санација на свлечиште на регионален пат Р1311 Битола Новаци во должина од 960 метри – вредност 500 000 евра
  2. Локален пат Гнеотино – Брод делница во должина од 3 км – вредност 23,5 милиони денари со средства од Влада на РМ т.е Агенција за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој на рм
  3. Асфалтирање на патот Рапеш – Старавина во должина од 2 км – вредност 6 милион денари – средства од ЈП за државни патишта на РМ
  4. Реконструкција и санација на патот Гнеотино – Брод во должина од 2 км кој беше уништен од поплавите и бетонирање на канавки – вредност 250 000 евра средства од УНДП – 2016 г.
  5. Изградена улица во село Градешница во должина од 310 метри – вредност 2,1 милион денари – Средства од биро за регионален развој
  6. Изградени се тротоари во селата:Новаци, Добромири и Гермијан – вредност 3 милион денари – средства од мжспп на РМ – фонд за фосилни горива.
  7. Реконструкција на улици во селата Арматуш, Старавина и Зовиќ – буџет 7 милиони денари средства од Бирото за регионален развој и асфалтирање и тампонирање на улици на територијата на општина Новаци во Новаци, Далбеговци, Добромири, Горно и Долно Агларци, Рибарци, Бач, Гермијан, Живојно, Старавина, Рапеш, Зовиќ, Маково, Градешница согласно програмата за 2016 година во должина од 2,8 км – вредност 17,5 милион денари – средства од Буџет на општина Новаци
  8. Асфалтирање на патот кој води до манастирот Свети Арханѓел Михаил во Скочивир со што е направено поврзување на регионалниот пат Р2338 Кременица – Гермијан – Бач – во должина од 1 км – вредност 7,3 милион денари – средства од Влада на РМ – АФПЗРР на РМ
  9. Реконструиран е регионалниот пат Добромири – Клепач до Тополчани во должина од 19,5 км во вредност од 1,5 милион евра со средства од Влада на РМ
  10. Чистење на река Црна од крупна вегетација во должина од 30 км – вредност 500 000 евра и 3оо тони нафта . Со средства од УНДП завршено е чистењето на коритото на река Црна од ниска вегетација во должина од 20 км – вредност на проектот 52 милиони денари
  11. Изградена атмосферска канализација во селата: Далбеговци, Добромири , Горно и Долно Агларци во вредност од 4 милион денари – средства од МЖСПП на РМ – фонд за фосилни горива
  12. Чистење на 10-тиот канал во вредност од 400 000 денари- средства од МЖСПП на РМ – фонд за фосилни горива – тековно секоја година
  13. Завршено е чистењето на диви депонии на територијата на РМ – вредност 700 000 денари – средства од МЖСПП на РМ – фонд за фосилни горива
  14. Завршена е изградбата на детската градинка во новаци – вредност 5 милиони денари средства од буџет на општина Новаци – 2016 г.
  15. Завршена е реконструкцијата на младинскиот културен центар во Новаци – вредност 5,3 милион денари – средства од буџет на општина Новаци – 2016g.
  16. Завршена е реконструкцијата на младинскиот културен центар во село Добромири – вредност 1,4 милион денари – средства од буџет на општина Новаци – 2016 г.
  17. Реконструирана на црквата Св.Димитрија во село Градешница втора фаза преку проектот „Жива историја жива природа 2“ со средства од ИПА програмата за  Прекугранична соработка Македонија Грција – вредност 38 600 евра – 2016
  18. Деминирање на месноста Змеица во Мариово – вредност 9200 евра – преку проектот „Жива историја жива природа 2“ со средства од ИПА програмата за  Прекугранична соработка Македонија Грција  – 2016 г.
  19. Изработена е мобилна апликација за паметни телефони и веб пребарување – во вредност од 15 000 евра – преку проектот „Жива историја жива природа 2“ со средства од ИПА програмата за  Прекугранична соработка Македонија Грција
  20. Мапирање и поставување на знаци на територијата на општина новаци во вредност од 15 000 евра – преку проектот „Жива историја жива природа 2“ со средства од ИПА програмата за  Прекугранична соработка Македонија Грција – 2016 г.
  21. Поставени се 10 сета маси и клупи на неколку локации низ општина Новаци – вредност 2000 евра – преку проектот „Жива историја жива природа 1 и 2“  со средства од ИПА програмата за  Прекугранична соработка Македонија Грција – 2016 г.
  22. Исчистени и означени места и локации остатоци од прва светска војна на територијата на општина Новаци –проект од децентрализирана соработка со регионот Нормандија и АЛДА 2016 г.

 

 

Back to top
Skip to content