Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Презентација на асортиманот на производи на јапонскиот производител Макита

Во дворот на Општина Новаци се одржа презентација на асортиманот на производи на јапонскиот производител Макита ,кој се занимава со производство на секаков вид алати.
На дел од вработените во ЈКП,,Комунална Хигиена“ Новаци и општинската администрација им беа презентирани производи за одржување на паркови ,зеленила и градини.
Производите кои беа презентирани беа од батерискиот програм на Макита чија основна цел и задача беше да им објасни на посетителите за важноста на моќноста на системот на батерии кои слободно можат да го заменат традиционалниот погон на овие машини како што се двотактол и бензин,се со цел да се зголеми едноставноста на користењето на машината и да се заштити животната средина што е еден од главните приоритети на развиените држави во светот.
Презентација беше организирана од економскиот оператор Синпекс ДОО Битола во соработка со ЈКП,,Комунална хигиена Новаци.

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top
Skip to content