Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Посета на стопанската комора SASIAD

На покана на стопанската комора SASIAD од Адапазари, Сакариа, Република Турција денес остварив средба со нејзините членови, стопанственици и заинтересирани бизнисмени кои веќе биле во посета на Општина Новаци, а голем дел од нив веќе имаат отворени свои фирми во нашата општина и се подготвени да инвестираат во изградба на производствени погони веднаш откако ќе се создадат услови за тоа во Индустриската зона во Новаци.

Ги информирав за тековните процедури со подготовката на потребната документација за индустриската зона согласно нашето законодавство, за проблемите кои ги решававме интензивно во изминатиот период, дека конечно по скоро година и пол процесот е откочен и дека за скоро време ќе бидат создадени услови за продажба на парцели во зоната. Интересот кај членовите на стопанската комора SASIAD е огромен а нивните инвестиции ќе значат многу за локалниот економски развој на Општина Новаци и воопшто на пелагонискиот регион но и можност за нови вработувања на нашите жители.

Посетата на Сакариа ја искористив и да ги посетам двете компании DASTAS

BAYRAK AGAC, чии сопственици исто така се потенцијални инвеститори во индустриската зона во Општина Новаци и имаат регистрирано свои фирми на наша територија. Главна дејност со која се занимаваат е дрво преработувачка индустрија а нивниот финален производ кој го извезуваат ширум светот се оплати наменети за градежништвото.

Ја посетив и фабриката за алуминиумски профили и композити КАРАЈАКА на сопственикот Умит Карајака кој исто така е потенцијален инвеститор во зоната со регистрирана фирма во Новаци. Поседува и голема стоковна куќа за аксесоари во Адапазари.

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top
Skip to content