Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Посета на Стопанската комора Самиб во Адапазари, Р.Турција

Денес остварив средба и ја посетив втората по големина, Стопанската комора Самиб во Адапазари, Р. Турција. Станува збор за комора во која членуваат 200 фирми во кои се вработени 15 000 работници а кои се занимаваат со производство на разни видови машини како за домашен така и за странски пазар.

Комората произведува и продава машини за сечење на метсл CNC, делови за големи индустриски мотори, машини за млекарската индустрија, машини за земјоделството и сл. постојано следејќи ги најновите трендови, иновации и потреби на пазарот. Како и секаде така и тие се соочиле со недостаток на стручна работна сила па затоа создале центар за обука на кадри во зависност од нивните потреби и недостатоци.

Денеска ја искористив можноста и на присутните стопанственици и сопственици на компании, им ја понудив можноста да инвестираат во нашата Индустриска зона Новаци, ги запознав со намената на зоната, начините на продажба на земјиште, можноста за купување, роковите и постапките и се разбира каков е нашиот пазар на работна сила односно како се движат платите. Договоривме идна соработка и посета на Општина Новаци во месец мај кога ќе договориме и можни конкретни инвестиции.

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top
Skip to content