Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Посета на подрачните училишта во Гермијан, Бач и Живојно

Градоначалникот на Општина Новаци Стевче Стевановски ги посети подрачните училишта на ЦОУ „ Славко Лумбарковски“ во Гермијан, Бач и Живојно со цел да ја утврди состојбата во која се наоѓаат, проблемите кои ги имаат, што е потребно да се санира за да им се обезбедат услови на дечињата за непречено следење на наставата и дали постои некој проблем со греењето.

„Денеска излегов на терен за да ја утврдам фактичката состојба во која се наоѓаат овие три подрачни училишта затоа што во порака на мојата фан страна на социјалната мрежа на Facebook  добив барање од родител да се замени старата и дотраена влезна врата во училиштето во с. Гермијан. Од денешната посета тоа се потврди и ќе бидат преземени мерки во најскоро време тоа да се среди. “ рече Стевче Стевановски, градоначалник на општина Новаци.

Градоначалникот Стевановски е достапен за сите проблеми и потреби на жителите на Општина Новаци било на неговиот телефонски број, во непосредна средба во просториите на општината, преку пишување на пораки на фан страната на социјалните мрежи или пак преку рубриката пријави проблем на веб страната www.opstinanovaci.gov.mk.

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top
Skip to content