Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Отворени 22 Пелагонски културно научни средби во Новаци

Во салата на Општина Новаци денеска беа отворени традиционалните 22 –ри Пелагонски културно-научни средби.

Градоначалникот  на општина Новаци, Стевче Стевановски  како домаќин свечено го отвори овај настан и на присутните им порача дека општината секогаш ги поддржувала и ќе продолжи да ги поддржува и во динина,а посочи дека како резултат на оваа научна манифестација низ годините произлегоа многу трудови и научни зборници.

Оваа година на Пелагонските културно-научни средби беше доделена наградата Повелба за животно дело на Славе Николовски Катин и наградата „Златен клас за македонскиот вознес“на Виктор Бивел од Сиднеј, Австралија.Исто така  беше направена видео презентација  за Стале Попов – чувар на македонскиот збор, беше презентиран Зборникот бр.17 од 2021 година, беа промовирани 2 книги а кратки излагања имаа и учесниците на  Пелагонски средби 2022 година.

Средбите за прв пат беа организирани во 2001  година и досега учество зеле голем број научни дејци.Домаќин е општина Новаци затоа што скоро сите научни дејци се по потекло од овај крај.

На средбата се презентираат трудови од областа на историјата и македонистиката посветени на културно-историските и духовни вредности на општина Новаци, но и другите населени места кои ја сочинуваат географијата на Пелагонија. Покровите е општина Новаци и Македонското научно друштво од Битола.

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top
Skip to content