Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Отворени денови на Агенцијата за вработување во Општина Новаци

SAMSUNG CAMERA PICTURES

Со цел подобра информираност на граѓаните и можност за доближување и олеснување на пристапот до услугите на Агенцијата за вработување на Република Македонија,денеска во општина Новаци се реализира активноста ОТВОРЕНИ ДЕНОВИ СО ГРАЃАНИТЕ на кој присуствуваше градоначалникот Лазар Котевски и директорката на подрачната единица на Агенцијата за Вработување на Република Македонија- Битола, Јешим Сефуловска.

 

„ Ова е една добра можност сите невработени лица кои имаат прашања или потреба за информација од дејноста на Агенцијата за вфработување да присуствуваат на оваа отворена средба и да се информираат за се она што ги интересира, кои се поволностите и субвенциите кои ги нуди државата, како полесно да се вклучат на пазарот на трудот и полесно да најдат работа“ рече градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски.

 

Агенцијата за вработување на РМ започна акција согласно календарот за одржување на Отворени денови –Инфо средби и Форуми со работодавачите во повеќето општини во државата  рече директорката Јешим Сефуловска.

 

„ Денеска имаме отворени денови за невработените во Општина Новаци каде имаме и дисперзирана канцеларија која им стои на располагање на жителите на оваа општина за одговор на сите прашања и давање услуги кои се во доменот на нашето работење. “ рече Сефуловска.

 

Претставниците на АВРМ остварија средба со работодавачите но и со разни категории невработени и тоа од 30 до 40 години и невработени лица од 40 до 50 години.

Back to top
Skip to content