Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Општина Новаци се збратими со Oпштината Караџасу од Турција

Во четиридневна посета на градот Ајдин, Република Турција, престојува делегација од Општина Новаци предводена од градоначалникот Љубе Кузманоски и претседателот на Советот на општина Новаци, Наумче Смилевски.

За време на посетата на Република Турција, градоначалникот Кузманоски потпиша Декларација за збратимување на општина Новаци со општината Караџасу.

 

“Областа Ајдин е место каде што живеат голем број на иселеници од Македонија, поради тоа беше донесена одлука за збратимување од страна на Советот на Општина Новаци, како и Советот на Општина Караџасу од Турција, со што денеска формално со мојот колега г-динот Мустафа Бујукјапиџи потпишавме Декларација за збратимување на нашите општини. Општините ќе соработуваат на економски, културен и спортски план, како и во други области од општествениот живот”, изјави Љубе Кузманоски, градоначалник на општина Новаци.

Во обраќањето пред присутните гости, градоначалникот на Општина Караџасу, Мустафа Бујукјапиџи, се осврна на основните постулати во Декларацијата за збратимување помеѓу двете општини за градење и унапредување на взаемните односи, размена на искуства и широка соработка на полето на културата, економијата, младите и спортот, како и подготовка и аплицирање на заеднички проекти и нивно финансирање од фондовите кои се достапни на двете општини.

Претседателот на Советот на Општина Новаци, Наумче Смилевски, истакна дека од голема важност е ова збратимување со турската Општина Караџасу, и додаде дека во наредниот период и двата совети на општините ќе соработуваат и ќа разменуваат искуства поврзани со работата на локалната самоуправа. Иницијативата за збратимување ја покренал битолчанецот Мартин Николовски, кој веќе три години е на додипломски студии во Турција, по што од страна на локалните власти на општина Караџасу веднаш била упатена покана за збратимување и посета на турската општина, оддалечена 80-тина километри од градот Ајдин.

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top
Skip to content