Општина Новаци е домаќин на шест члена делегација од збратимената Општина Хрпеље Козина, Р. Словенија
Овие денови Општина Новаци е домаќин на шест члена делегација од збратимената Општина Хрпеље Козина, Р. Словенија. На мое огромно задоволство денес беа гости во мојот кабинет а потоа заедно со советниците и администрацијата одржавме свечена седница на Советот на Општина Новаци.
Разменивме искуства за работењето на локалните самоуправи и советите, висината на нашите буџети, ингеренциите и сл.
Нашите гости ја посетија детската градинка ,, Бамби ” во Новаци каде присуствувавме на прекрасната приредба подготвена од дечињата кои од септември ќе бидат првачиња.
Делегацијата од Словенија го посети и ООУ ,, Славко Лимбарковски” Новаци каде децата направија катче со знаменитостите на двете општини и ги изрецитираа песните од двата најголеми писатели од Македонија и Словенија на двата јазика.
Градоначалничката на Хрпеље Козина Саша Ликавец Светелшек во име на општината во училиштето донираше дефибрилатор.
Вочест на нашите гости денес беше организирана и велосипедска тура Новаци – Добромири со децата од училиштето и претставници од велосипедскиот клуб Новабајк од Новаци.
0 Comments