Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Општина Новаци  во 2015 година доделила 165 000 денари парична помош за 33 новородени деца

images

Општина Новаци во 2015 година е побогата за 33 новороденчиња за чие што раѓање локалната самопурава на родителите им доделила еднократна парична помош во висина од 5000 денари или вкуно 165 000,00 денари.  

„Веќе 8 години наназад имаме редовна практика ,општината да исплаќа по 5000,00 денари за секое новородено дете со цел да се поттикне зголемувањето на наталитетот во општината.Минатата година доделивме вкупно 165 000,00 денари за 33 новороденчиња, односно три деца повеќе од претходната 2014 година. Мерката која ја донесовме со одлука на Совет со цел стимулирање на порастот на наталитетот наиде на позитивни реакции .“ рече градоначалникот на општина Новаци,Лазар Котевски.

Во општина Новаци во во 2014  и 2013 година се родиле 30 новороденчиња, 24 во 2012 година, 27 во 2011 а 26 во 201о година. За да се стекнат со ова право родителите треба да поднесат барање во општината и во прилог да достават извод од матична книга на родени и венчани, лична карта на родителите и копија од трансакциона сметка. Право на користење на еднократната парична помош за новороденче има еден од родителите кој треба да биде државјанин на Р.Македонија со постојано место на живеење во државата, за дете родено во Р.Македонија.

 

Back to top
Skip to content