Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Новогодишна приредба во Центарот за ран детски развој “БАМБИ “-Новаци





Со новогодишна приредба организирана од Центарот за ран детски развој Бамби од Новаци се означи стартот на Новогодишните и Божиќните празнувања.На претставата присуствуваше градоначалникот Кузманоски кој заедно со Дедо Мраз ги израдуваа најмладите од општината подарувајќи им пригодни новогодишни поклончиња .Градоначалникот Кузманоски на дечињата и персоналот од ценатрот им посака многу радосни и убави моменти во новата година .Во знак на благодарност децата од дневниот престој на градоначалникот му подарија рачно изработена честитка .
“ Денес сум со дечињата од Центарот за ран детски развој Бамби од Новаци каде заедно со пригодна новогодишна приредба го означуваме стартот на новогодишните и божиќните празници . Нема поубаво нешто од чисти , искрени и радосни насмевки кои блескаат на детските лица. Како локална самоуправа обезбедивме новогодишни пакетчиња за сите ученици од Централното училиште и 8 –те подрачни училишта , како и новогодишни поклони за дечињата од Центарот за дневен престој . Водиме грижа и за социјалните семејства за кои обезбедивме исто новогодишни пакети.Општината и во новата година ќе продолжи со реализација на многу проекти со цел подобрување на условите и унапредување на образовниот систем во училиштата .Веќе во новата година и тоа за многу брзо Центарот за ран детски развој ќе прерасне во градинка со целодневен престој со многу подобри услови , поголем капацитет и персонал кој ќе обезбеди подобра грижа и услуга .”-истакна градоначалникот Кузманоски

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top
Skip to content