Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

НОВАЦИ ЌЕ ДОБИЕ СПОРТСКА ТЕРЕТАНА НА ОТВОРЕНО

При крај е изградбата на спортската теретана на отворено која содржи четири справи за вежбање и тоа: кондиционен статичен велосипед, справа за склекови и стомачни, horizontal bar and pull up и справа за кардио која се гради во склоп на дворот на спортската сала во Новаци.

„ Направив увид на градежните работи на локацијата во дворот на спортската сала во Новаци каде градиме фитнес катче односно спортска теретана на отворено. Поставуваме 4 справи во склоп на дворот на спортската сала во Новацина  каде младите па и повозрасните жителите на општината ќе можат да рекреираат и вежбаат на најсовремени фитнес апарати и најсовремена фитнес опрема.“ рече Стевче Стевановски, градоначалник на Општина Новаци.

Проектот го реализира Општина Новаци во соработка со Здружението за унапредување на демократските процеси Про Локал од Битрола. Финансиски е поддржан од Амбасадата на Кралството Холандија преку Програмата МАТРА.

„ Вкупниот износ на спортската теретана на отворено 268.386,00 денари од кои 2000 евра од Здружението Пролокал и донаторот Холандска амбасада а остатокот во висина од 148.386,00 денари се обезбедени од Општина Новаци со одлука од совет.“ рече градоначалникот Стевановски.

Претходно беше потпишан Меморандум за поддршка и унапредување на демократските процеси во Пелагонискиот регион помеѓу Про локал и општините Новаци, Могила, Крушево, Ресен, Долнени, Демир Хисар и Кривогаштани. Целта на оваа соработка е преку имплементација на проектот „ Зајакнување на луѓето во Пелагонија“активно учество на младите луѓе од руралните средини и зајакнување на демократските процеси на локално и регионално ниво.

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top
Skip to content