Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Набавен трактор и приколица од проектот Аgrowchain

Со средства од проектот „Одржливо менаџирање на агро-отпадот за загревање на руралните средини“- Agrowchain од програмата за прекугранична соработка Македонија Грција набавен е трактор и приколица кои ќе  дел од опремата која општина Новаци треба да ја набави за да ги чисти речните корита и канали со кои ќе собира биомаса за загревање на детската градинка.

„ Набавивме трактор Ландини серија 6-120 Ц и тракторска приколица Челмак од 5 тона  за влечење и транспорт на биомаса од речните корита. Ова е само дел од потребната опрема за таа намена. Во тек е јавната набавка за набавка на хидраулична рака за сечење и чистење на вегетацијата од речните корита и каналите , а дополнително ќе се набави и балирачка и котел за паарно греење специјализаран за биомаса“. Рече Љубе Кузманоски , градоначалник на општина Новаци.

Партнери во проектот од македонска страна се АПРЗ а од грчка Детепа општинско претпријатие за централно загревање од Аминдео, CRES и CLUBE.

-Во моментот имаме набавено студија за добивање на податоци за за мрежата на канали, атмосферска канализација, речни корита и слично, кои што ќе ни бидат како ресурс од чие што чистење ќе добиваме биомаса со која што ќе го загреваме котелот кој што ќе биде инсталиран во градинката. Потоа ќе следи набавката на трактор и хидраулична рака која што ќе ги чисти речните корита и канали од кои што ќе се добиваат остатоци од растенија кои штѕо потоа ќе се сушат и балираат и ќе се формираат балиња кои ќе се користат за загревање на котелот, рече градоначалникот Кузманоски.

Проектот ќе трае 24 месеци, започна во јуни 2018 а ќе трае  до 2020 година. Вкупната сума за сите партнери изнесува 669 илјади евра. Буџетот на општина Новаци изнесува 216 илјади евра.

Проектот „Менаџирање со агро отпадот за загревање во руралните средини“ е поддржан од Интерег програмата за меѓугранична соработка.

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top
Skip to content