Модна ревија во рамките на Културно елто Новаци 2018
Со модна ревија за деца и возрасни од Модното студио Шанел Топ Моделс и со учество на 12-тина деца солисти од детскиот музички фестивал ТРА ЛА ЛА од Битола се одржа 6 -тиот по ред културен настан од програмата на Културно-забавно лето Новаци 2018 .
На пријатно задоволство на публиката дечињата солисти изведоја нивни авторски песни , а моделите од Шанел Топ Моделс на модната писта презентираја нови колекции на модели од познати бутици од Битола од колекцијата лето 2018.
Граѓаните на Општина Новаци преку разнообразноста на програмата што ја нуди програмата на Културното лето оваа година имаат можност токму во нивното место на живеење да проследат и да уживаат во најразлични културни случувања со настани од различни културни дејности .
Следен настан е Етно Илинденскиот концерт на 01 Август во с . Градешница кој традиционално се одржува секоја година на празникот Св. Илија.
0 Comments