Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Културен хепенинг на рекреативниот парк на Река Коњарка

Со 80 илјади евра европски пари и со културен хепенинг денес свечено беше отворен рекреативниот парк на реката Коњарка во Скочивир. Паркот денес наликуваше на катче за рекреација за сите оние кои што сакаат да избегаат од градскиот метеж, а целта е да се промовира и заштити културното наследство во Новаци. Општината Новаци и Европската асоцијација за локална демократија -АЛДА Скопје го организираа  културниот  Хепенинг а  поддржка доби и од страна на Делегацијата на Европската Унија во рамки на Европската година на културно наследство 2018. Добредојде на присутните гости им посака градоначалникот на општина Новаци Љубе Кузманоски.

– Овој комплекс се наоѓа во чиста животна средина и секој викенд е посетен најмалку од 200 до 300 луѓе. За нас како општината ќе значи многу за развојот на туризмот. Поставени се видиковци, дрвени клупи, маси, лулашки, места за скара, канти за отпадоци, речното корито ѕидано е со камен, просторот е хортикултурно уреден, рече Љубе Кузманоски, градоначалник на Новаци.

Да го заштитиме културното и природното наследство, рече во своето обраќање почесниот конзул на Франција.

– Добро е кога се гледааат европските фондови и пари на места каде има конкретна и успешна реализација. Франција останува тука присутна посебно во соработката со регионот на Нормандија зашто имаме интерес да го развиваме меморијалниот културен туризам. Повикуваме да го задржиме ова паркче вака уредено и да го заштитиме културното и природното наследство, рече Калиопа Кривашија Стилиновиќ, почесен конзул на Франција .

Со свои традиционални кулинарски специјалитети, присутни беа и од Организацијата на жени во Битола

– Ова место е рај за рурален туризам. Место кои некои од нас првпат го видоа, а е само на 30 до 40 километри од Битола. Сфативме дека Македонија колку и да е мала ни требаат уште три животи за да ја истражиме. Организацијата на жени е дел од овој хепенинг и со своите производи почнувајчќи од солено до благо им понуди на посетителите да каснат домашно подготвени производи, рече Светлана Петковска, Организација на жени.

Гости имаше од цел пелагониски регион.Со овај рекреаативен парк заживува и мариовскиот регион препознатлив по природните убавини.

Back to top
Skip to content