Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Заменикот министер Пренџов во посета на општина Новаци

DSC_6063

Заменикот министер за локална самоуправа, Љупчо Пренџов денеска ја посети општина Новаци и оствари средба со градоначалникот на општината, Лазар Котевски. Средбата имаше информативен карактер за подготвеноста на општината да аплицира со свои проекти во новиот повик ИПА Програмата за прекугранична соработка меѓу Грција и Република Македонија за периодот 2014-2020.

„Општина Новаци досега има имплементирано два проекти од програмата за прекугранична соработка а третиот е веќе во тек. Досега имаме искористено околу 800 000  евра а планираме да аплицираме и на новиот повик со неколку проекти. Досега имаме успешна соработка. Со општина Алмопиа и се надеваме дека таа соработка ќе ја продолжиме понатаму.“ рече Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци.

 

Министерот Пренџов го информираше градоначалникот Котевски за отворениот јавен повик за прекугранична соработка со Грција при што ја потенцираше важноста од искористyвање на средства од Европската Унија, преку ИПА Програмата за прекугранична соработка.

 

„ Првиот повик за проектни предлози од ИПА Програмата за прекугранична соработка меѓу Грција и Република Македонија за периодот 2014-2020 е објавен на  7 декември 2015 и ќе биде отворен до 15 март. Во рамките на овој повик, на располагање стојат 20,5 милиони евра за финансирање на проекти од двете страни, а за целиот програмски период вкупно 45,5 милиони евра. Проектите треба да се однесуваат на една од четирите области- Промовирање на вработеноста, мобилност на работната сила, социјално и културно вклучување во прекуграничната област, заштита на животната средина и промоција на прилагодувањето, намалувањето, спречувањето и управувањето со ризиците од климатските промени, промовирање на одржлив транспорт и подобрување на патната инфраструктура, како и поттикнување на туризмот и културното и природно наследство.    “  рече Љупчо Пренџов, заменик министер за локална самоуправа на РМ

 

Заменикот министер Пренџов истакна дека општините од Пелагонискиот плански регион покажуваат голема заинтересираност за проектите за прекугранична соработка и веќе имаат изградено капацитети. Како светол пример помеѓу помалите општини во државата ја посочи општина Новаци која досега има имплементирано некоку вакви проекти и има искористено околу 800 000 евра европски пари.

Министерството за локална самоуправа кое е надлежно за спроведување на ИПА Програмата за прегугранична соработка, до 2020 година  ќе менаџира со околу сто милиони евра, средства од Европската Унија и национално кофинансирање, наменети за проекти за прекугранична соработка со Бугарија, Албанија, Грција и со Косово, а во фаза на подготовка е и Програмата за прекугранична соработка со Србија.

 

 

Back to top
Skip to content