Заврши 7 миот меморијален турнир „Пеце Матичевски“
Синоќа го затворив седмиот по ред Меморијалниот турнир во мал фудбал ,,Пеце Матичевски” Новаци.
Учество зедоа 24 екипи а спортските натпревари се одржуваа 14 денови на повеќенаменското игралиште во Новаци.
На најдобрите им беа доделени пехари и парични награди:
1 место – Мотив Дизајн – 70 000 денари
2 место – Кафе сквер – 30 000 денари
3 место – Тинко 10 – 15 000 денари
4 место – Агролин трејд – 5000 денари
Општина Новаци и понатаму ќе го поддржува овој меморијален турнир кој го носи името на загинатиот херој во конфликтот во 2001 година.
Се гледаме догодина со, нови спортски победи и другарувања.
0 Comments