Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

ДЕЛЕГАЦИЈА ОД ОПШТИНА НОВАЦИ ВО ПОСЕТА НА ЗБРАТИМЕНАТА ОПШТИНА ХРПЕЉЕ,КОЗИНА ОД Р.СЛОВЕНИЈА

На покана на градоначалничката Саша Ликавец Светелшек од збратимената општина Хрпеље –Козина од Р.Словенија седумчлена делегација од општина Новаци предводена од градоначалникот Љубе Кузманоски престојуваше во официјална посета на општина Хрпеље, Козина .

Ова е прва официјална посета на градоначалникот Кузманоски откако ја превзеде функцијата градоначалник на општина Новаци .

За првпат овие две општини се збратимени во 2013 година и веќе 6 години одржуваат постојана комуникација и соработка .Општина Хрпеље на запад се граничи со Р.Италија а на југ со Р.Хрватска . Се простира на површина од 196км2 со 39 населени места и 4300 жители .

“ Воодушевени сме од посетата на збратимената општина Хрпеље ,Козина од Р.Словенија , а посебно од гостопримливоста и пречекот на нашите драги пријатели од оваа општина.Официјалниот дел од посетата го започнавме вториот ден со посета на општина Хрпеље ,средба со општинската администрација и свечен прием во кабинетот на градоначалничката Саша Ликавец Светелшек .Присуствувавме на седница на општинскиот совет каде што се запознавме со советниците, со заменик градоначалникот на општина Хрпеље и вработените во општината каде се запознавме со начинот на работа , разменивме искуства и ставови околу заедничките проблеми и идни планови за соработка во делот на културата , образованието , спортот и инфраструктурата како и интензиваирање на соработката во делот на искористувањето и работењето на заеднички проекти финансирани од ЕУ . Преку промотивен спот за општина Хрпеље се запознавме со потенцијалите и ресурсите со кои располага општината , со буџетот , начинот на раководење , со бизнис заедницата ,развојот на идустриската зона во која работат 10 –тина компании и претпријатија .Со градоначалничката разговаравме за важноста и придобивките од членството во ЕУ и ни посака што побрза интеграција на нашата земја во Европската Унија .Од 2004 година Р.Словенија како земја членка на ЕУ бележи голем напредок во секоја сфера од општествениот живот , а со тоа и силни и напредни општини како што е и општина Хрпеље иако мала со 4.000 жители и на површина од 196 км2 располага со голем потенцијал, економски развој и висок стандард . Го посетивме основното училиште Драгомир Бенчич-Бркина и спортската сала , училиште кое што е целосно реконструирано со високи стандарди и услови за ефикасен образовен процес а на наше пријатно изненадување беше малата приредба организирана од учениците со македонско потекло кои живеат во општина Хрпеље, Козина .Воодушевени бевме од посетата на детската градинка “Сежана” која има капацитет од околу 180 дечиња како и од посетата на дневниот центар “РАЈ” за стари лица , современ адаптиран простор со најсоодветни услови за грижа на стари лица .За време на престојот посетивме и неколку малостопансвеници што се занимаваат со земјоделство , производство на еко сирење , органска храна , лековити билки како и дегустација на GIN BRIN , дегустив на ракија од смрека и ликер.Остварив средба и со градоначалникот на општина Блед и општина Дивача ”-истакна градоначалникот Кузманоски

Делегацијата од општина Новаци ја посети идустриската зона каде расте бројот на новоизградени компании и фирми , моментално со над 10 , со посебен осврт на фабриката КЕРН за развој ,производство и продажба на компоненти и систем на алатки за обработка на лим и пластика која има извоз и во РС Македонија .

За пофалба се малостопансвениците кои го развиваат семејниот бизнис на едно високо ниво со традиција повеќе од 100 години со производство органска храна и пијалоци и други производи од млеко , месо , мед и,шумски плодови , лековити билки и прозиводи од нив кои ги пласираат на пазарите во Италија и Хрватска .Едни од таквите смејни бизниси беше еколошката сиренара MAHNE од 1855 г со сопствена фарма со крави и херба продавницата БЕЛАЈЕВИ од 1839 г со сопствени плантажи со лековити билки .

Општина Хрпеље располага со најсовремена полициска и противпожарна станица која се простира на 700 м2 со 40-тина вработени пожарникари кои својата дожност ја извршуваат волонтерски и за нив членувањето во ова друштво е престиж кој се пренесува на поколенија веќе 105 години .

Делегацијата од општина Новаци до крајот на нивниот престој во Хрпеље како дел од агендата го посети градот Љубљана , Трст и езерото Блед .

Градоначалникот Љубе Кузманоски во име на општинската администрација и совет изрази благодарност до своите колеги и драги пријатели од збратимената општина Хрпеље ,Козина на поканата , гостопримството и пријатниот престој и упати покана во блиска иднина општина Новаци да биде домаќин на делегација од нива страна.

 

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top
Skip to content