Градоначалникот Стевановски на средба со жителите на Новаци
Градоначалникот на Општина Новаци Стевче Стевановски оствари средба со жителите на Новаци,најголемото населено место во нашата општина со најголем број жители.
„Пред присутните ги изнесов моите предлог проекти кои ќе бидат испланирани во буџетот на Општина Новаци за фискалната 2022 година но секако дека ги запознав и со обврските и долговите кои ги наследив од претходното раководство заради кои ќе имам лимитирани финансии и можности за реализација.“ рече Стевановски
Целта на состанокот беше да ги слушнам нивните потреби и проблеми со цел заедно да најдиме решение на истите. Дел од нивните барања се следни: чистење на канализацијата, поставување на вага за мерење на нивните земјоделски производи, одржување на уличното осветлување и сл. Барањата им се реални и лесно остварливи и истите ќе бидат направени во најскоро време, рече Стевановски.
0 Comments