Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Градоначалникот Кузманоски најави плодна година и реализација на многу проекти

Градоначалникот на општина Новаци Љубе Кузманоски на денешната прес конференција најави плодна година за оваа локална самоуправа и реализација на многу  капитални едногодишни проекти.

„ Од Буџетот на општина Новаци во 2018 година ги имаме планирано следните проекти:

  • Реконструкција и доградба на општинската зграда – вредност 5.000.000,00 денари и купување на опрема вредност 140 000 денари
  • Реконструкција , одржување, асфалтирање и тампонирање на патишта и улици на територијата на општина Новаци секоја тековна година согласно програмата за 2018 година – вредност 6.500.000,00 денари
  • Реконструкција на училиштата во селата Горно Агларци, Бач и Гермијан – вредност 2. 330. 000, 00 денари
  • Изработка на проектна документација и урбанистички планови – вредност 5.100.000,00 денари
  • Реконструкција на објекти на месни заеници и продавници во селата: Арматуш, Живојно, Далбеговци и Скочивир – вредност 300.000,00 денари
  • Доизградба на капела во с. Новаци – 1.500.000,00 денари
  • Изградба на ракометно игралиште во с. Долно Агларци – вредност 1.600.000,00 денари
  • Реконструкција на водоводите во селата Мегленци и Старавина – вредност 3.000.000,00 денари
  • Изградба на зелен појас – вредност 1.000.000,00 денари“ рече Кузманоски.

Покрај овие проекти треба да реализираме и неколку чии средства се од странски донатори и под на нашата добра меѓународна соработка.

  • Проект „Подигнување на свеста за културното наследство во општина Новаци“ кој има за цел да ја подигне јавната свест за промоција и заштита на културното и историското наследство со цел јакнеење на алтернативниот туризам  и локалниот економски развој. Промотивниот настан  ќе се реализира во периодот февруари – јуни 2018 на рекреативниот парк Коњарка кој е реконструиран претходно со средства од Европска Унија во рамките на проектот „ Жива историја , Жива природа 2“ од програмата за прекугранична соработка Македонија Грција 2007-2013. Промотивниот настан ќе биде составен од различни активности и тоа: активности за подигнување на јавната свест, пешачење  до културно историски сајтови на територијата на општина Новаци, работилници, активности за чистење на околината , музички хепенинг, едукативни работилници , он сајт посета на учениците од ЦОУ „Славко Лумбарковски“ и сл. Овој проект општина Новаци ќе го реализира со партнерство на АЛДА а истиот е финансиран од Европска Унија – вредност 3000 евра од ЕУ и 4250 евра од АЛДА и општина Новаци
  • Проект „ Одржливо менаџирање на агро отпад за загревање на рурални области“- Agrowchain од ИПА Програмата за прекугранична соработка Македонија- Грција 2014-2020 . Со овој проект сакаме да ја поттикнеме локалната заедница за поголема општествена одговорност и подобрување на условите за живот , заштита на животната средина. Преку овој проект ќе се набават различни видови опрема како на пример трактор, корпа за чистење на каналите и речните корита од вегетација, приколка , машина за балирање и котел за паарно греење кој ќе биде поставен во детската градинка. Земјоделските остатоци и вегетацијата од реките и каналите ќе бидат исушени, преработени и ќе се користат за загревање на просториите во детската градинка ( 230 м2). Општина Новаци проектот ќе го реализираме во соработка со Агенцијата за поттикнување на земјоделството и руралниот развој од Битола и ДЕТЕПА; CRES и CLube  од Грција. Буџетот на општина Новаци изнесува околу 216 895 евра.
  • Во 2018 година ќе продолжи и соработката со општина Коломбел од Франција и АЛДА на тема Прва светска војна. Оваа година се навршуваат 100 години од завршувањето на оваа голема војна па општина Новаци ќе биде организатор но и во соработка со партнерите ќе биде вклучена на многу настани на оваа тема. Планираме на наша територија да поставиме спомен плоча со имињата на загинатите војници од Прва светска војна , нешто слично како споменикот во Коломбел кој беше поставен мината година во номеври.

Исто така Кузманоски најави дека Општина Новаци има аплицирано предлог потпроект  во првиот повик од проектот за локална и регионална конкурентност во туризмот кој ги помина сите административни процедури и сега е во последната фаза на техничка евалуација. Станува збор за проект кој чини 676 783 евра кој општина Новаци доколку го добие ќе го реализира во соработка со АЛДА од Скопје и ЦГИ од Прилеп. Со овој проект е планирано да се реконструира основното училиште во Скочивир и негова пренамена во сместувачки капацитети, реконструкција на 6-те живеалишта ровови од Прва светска војна кои се наоѓаат во Мегленци кота 1050, целосна реконструкција и адаптација на поранешното училиште во с. Градешница и негова пренамена во музеј на Прва светска војна, мапирање на линијата на фронтот и соодветно означување и обележување, серија работилници на домашни и странски експерти на тема Прва светска војна и сл.

По излагањето на градоначалникот следуваа новинарски прашања и тоа за загадувањето од РЕК и изградбата на зелени појаси, квалитетот на водата за пиење во водоводите, дали актуелниот градоначалник наследи долг од претходното раководство во касата на општина Новаци и сл.

 

Back to top
Skip to content