ВО ТЕК СЕ АКТИВНОСТИТЕ ЗА ИЗГРАДБА НА ТРОТОАР ВО НОВАЦИ
Интензивно се работи на изградбата на тротоарот од Младински културен центар до Гробиштата во с.Новаци во должина од 740 м .
Изведувач е Јоска Транс-Трејд од Демир Хисар
Средствата се обезбедени од Министерството за животна средина и просторно планирање од Програмата за распределба на средства остварени по основ на надоместок за производство на енергија од фосилни горива како наменски дотации за општина Новаци за 2019 и Буџет на општина Новаци
0 Comments