Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Во Пелагонија органскиот отпад ќе се преработува во компост

Јавното претпријатие за комунални дејности Комунална Хигиена од Општина Новаци го организираше третиот партнерски состанок на проектот „Симбиотски мрежи за одржливо управување со органскиот отпад-Симбиоза“ кој што е финансиран и поддржан од Европската Унија преку Интерег – ИПА програмата за прекугранична соработка меѓу Р.Грција – РС Македонија 2014-2020 и кофинансиран од националните фондови преку Министерството за Локална самоуправа.

Носител на проектот е ЈП „Комуналец“ од Битола, а партнери се ЈП „Комунална хигиена од Општина Новаци и „Движење за околината –Молика“ од Битола, а од грчка страна фирмата за управување со отпад „Дијадима“од Кожани, Центар за иновации и култура „Инополис“ и националниот технички Универзитет од Атина.

“Измина повеќе од една година од имплементацијата на овој проект, период во кој ЈП „Комунална хигиена“ од Општина Новаци набави опрема вредна повеќе од 30 илјади евра, трактор, мулчер и 15 контејнери.
Голем ќе биде бенефитот во зачувување на животната средина за што треба сите ние максимално да се вложиме. Општина Новаци како лидер во искористувањето на европските фондови знае колку е важна соработката меѓу нашата држава и соседна Грција. Затоа сега и во идина ќе стоиме на располагање за спроведување на успешни проекти за доброто на граѓаните од двете држави. Во Општина Новаци во моментот се спроведува уште еден проект од оваа програма. Ќе продолжиме да ги користиме средствата од европските фондови и во наредниот период 2021-2027 година“ рече Кузмановски, градоначалник на Општина Новаци.

„Кантите ќе ги поделиме бесплатно на домаќинствата со цел и тие да започнат со селектирање на отпадот. Органскиот отпад потоа ќе се преработува во компостерот од 14 до 28 дена, и наместо отпад на депонија ќе добиеме високо квалитетно органско ѓубриво –компост кој ќе го користиме во нашиот расадник. Значи за првпат во нашиот регион отпадот не е повеќе отпад туку ресурс, изјави на презентацијата на проектот Панде Богоевски, директор на ЈКП „Комуналец“-Битола.

На денешната презентација беше присустен и заменик министерот за локална самоуправа Дејан Павлески.

Покрај состанокот меѓу партнерите на проектот, беше промовирана и презентирана целокупната опрема набавена преку проектот од страна на партнерите од Македонија (во вкупна вредност од над 300 000 евра).

Учесниците на конференција беа и во посета на депонија Мегленци.

 

 

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top
Skip to content