Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Во Новаци се слави Свети Атанасиј

 

Сите патишта во Новаци денеска водат до црковниот  храм кој го носи името на Свети Атанасиј , светецот кој денеска се слави според календарот на Македонската православна црква.

Градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски за едно со неговите сожители присуствуваше на светата божествена литургија и прославата во црковната сала. Како и секоја година така и оваа се тргаше погача со крвче, а среќниот добитник беше Борче Дојчиновски.

„Верските празници се многу важни за нас па секогаш кога имам можност ги празнивам заедно со моите сожители. Црквата во Новаци го носи името на светецот кој денеска се чествува“ рече Лазар Котевски, градоначалникот на општина Новаци.

Свети Атанасиј Велики бил Архиепископ Александриски.Роден е во Александрија во 296 година.Уште од детството бил наклонет кон духовниот призив и многу придонесе за побивање на Ариевата ерес и утврдување на православието.Автор е на Симболот на верата. По смртта на Александар, Св.Атанасиј беше избран за архиепископ Александриски каде остана цели 40 години.Речиси сиот живот беше гонет од еретиците.Мал е бројот на светителите што се толку клеветени и толку злосторнички гонети како Св.Атанасиј.Но неговата душа најпосле излезе победоносна од сета таа долготрајна и страшна борба.Господ го упокои во Своето Царство овој верен раб во 373 година.

 

Back to top
Skip to content