Во Новаци се празнува Св. Атанасиј – зимен
Од синоќа и утрово во Новаци според календарот на Македонската православна црква се празнува верскиот празник познат меѓу народот Св. Атанасиј – зимен.
Во истоимената црква во Новаци , како и секоја година традиционално се расече погача со златно крвче а среќникот кој го најде дарот беше Игорче Ристески од Новаци.
Нека му е со среќа.
Светецот Атанасиј се нарекува борец за вистинското православие. Црквата одбележува два датуми врзани со неговото име, 31-ви јануари како зимски и 15-ти мај како летен празник. Св.Атанасиј е заштитник на многу домови и семејства. Бил роден во Александрија, во 296 година. Уште како мал покажувал голема љубов за Бога. Четири пати бил протеруван во прогонство, за време на различни цареви кои се плашеле од неговите проповеди и влијание. Во прогонство минал цели дваесет години. Се упокоил 373 година.
На денешен ден се празнува пренесувањето на неговите мошти, како и чудата што се случуваа над нив.
Нека ние за многу години денешниот празник!
0 Comments