Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

ВО НОВАЦИ ОТВОРЕН ЦЕНТАР ЗА ДИЈАСПОРА

Министерот во Владата на Република Македонија, задолжен за дијаспора, д-р. Џемаил Чупи и градоначалникот на Општина Новаци Стевче Стевановски, денеска потпишаа Договор за соработка од областа на дијаспората, за отворање на „Центар за дијаспора“ помеѓу Владата на Република Македонија и Општина Новаци.

Канцелариите се осмислени да имаат посредничка улога и истите треба да служат како центри во кои на нашата дијаспора и се овозможува пристап до потребните информации и дополнителни насоки по основ на нивните права за соодветните постапки пред надлежните институциите.

Службеник за дијаспората назначен од Општина Новаци е Благојче Николовски.

Надлежностите и одговорностите на канцеларијата ќе бидат во насока на: информирање на дијаспората за нивните права и обврски, креирање на база на податоци за активни здруженија, база на податоци за бизнис дијаспората и привлекување на странски инвеститори, да иницира соработка на локални организации со организации од дијаспората и сл.

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top
Skip to content