Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Асфалтирањето на локални патишта и улици во Општина Новаци во полн ек

14615653_1314912565199305_5168299770912404343_o

Деновиве интензивно се работи на асфалтирање на локалните патишта и улици на територијата на општина Новаци согласно Програмата која е донесена од Советот за тековната 2016 година.

„Во тек е асфалтирање на улици на територијата на општина Новаци во должина од 3 км со средства од Буџетот на општината. Исто така во тек е и асфалтирање на 5 км патишта со средства од АФПЗРР на РМ и тоа 3 км за продолжување со асфалтирање на патниот правец Гнеотино-Брод ,1 км за локалниот пат до манастирот Свети Архангел Михаил во Скочивир со што ќе се поврзе со регионалниот пат 2438 и 1 км асфалтирање на локални улици во специфичните села: Зовиќ, Старавина и Арматуш. Паралелно со асфалтирањето се врши и санирање на полските патишта на територијата на општина Новаци и тоа: Горно и долно Агларци, Далбеговци, Новаци, Добромири, Рибарци, Гнеотино, Брод, Живојно, Бач, Гермијан, Арматуш, Мегленци и Долно Орехово.

14542467_1314921735198388_6966042854839138512_o

Вкупната вредност на овие градежни работи изнесува  околу 6 милиони денари а средствата се обезбедени од Буџетот на општина Новаци.

Паралелно со асфалтирањето на локалните патишта и улици , се работи на реконструкцијата на регионалниот пат 1311 Битола-Новаци РЕК во должина од 1 км кој беше уништен од минатогодишните поплави. Станува збор за инвестиција вредна 30 милиони денари а средстата се обезбедени од ЈП Државни патишта на РМ. Градежните работи кои ги изведува ГП Гранит се очекува да бидат завршени за 1 месец.

Back to top
Skip to content