Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Ќе се реконструира патот Р 1311 Битола-Новаци РЕК

dsc_4686

Започна реконструкцијата на регионалниот патен правец 1311 Битола-Новаци РЕК во должина од 1 км кој беше уништен од минатогодишните поплави.

„ Ја започнавме реконструкцијата на еден од најфрекветните патни правци во пелагонија кој води до РЕК. На овој пат постои свлечиште но и дополнително беше оштетен за време на минатогодишните поплави кога беше пресечен на две места и беа направени пропусти Ф 1500 за истекување на водата. Станува збор за инвестиција вредна 30 милиони денари а средстата се обезбедени од ЈП за Државни патишта на РМ“ рече Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци.

dsc_4682

Градежните работи кои ги изведува ГП Гранит се очекува да бидат завршени за 1 месец.

 

Back to top
Skip to content