Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Ќе се изработува стратешки документ Просторен план      

Градоначалникот на Општина Новаци, Стевче Стевановски, заедно со градоначалниците од Пелагонискиот регион  присуствуваше  на презентацијата на процесот кој треба да се спроведе за да се изработи Просторниот план во Република Македонија.

„Како градоначалник на Општина Новаци заедно со администрацијата потребно е да земеме активно учество и придонес во носењето на одлуките соработувајќи со Министерството за животна средина и просторно планирање.“ рече Стевче Стевановски, градоначалник на Општина Новаци.

Изработувањето, донесувањето и спроведувањето на овој стратешки документ – Просторен план на Република Македонија е од највисок јавен интерес. Тоа е документ со кој се одредува основната намена на земјиштето, насоки за уредување и користење на просторот, просторна разместеност на градбите од стопанството и нестопанството, мрежа на населени места, просторна разместеност и инфраструктура ( сообраќајна, енергетска, водостопанска, комуникациска и друга инфраструктура), насоки и мерки за заштита на животната средина и природата, мерки за заштита на културното наследство, мерки за заштита од воени разурнувања, мерки за заштита од природни и технички катастрофи и хаварии, параметри за спроведување на планоти соодветни графички прикази.

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Your email address will not be published.

Back to top
Skip to content