Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Јован Боглев од Битола го фати светиот крст во црквата Св.Атанасиј за Водици

12622209_1125448160812414_2304811095758215556_o

Јован Боглев од Битола го фати светиот крст кој за големиот христијански празник Богојавление Водици се фрлаше во осветените води во базенот во црквата Св.Атанасиј.Од дваесеттмината кои учествуваа во оваа верска традиција најсреќен беше Боглев кој прв пат имал успех.

„Многу сум среќен што го фатив светиот крст  и на сите им  посакувам многу здравје, среќа и бериќет. Да е за многу години празникот. “ рече Боглев.

И оваа година како и секоја градоначалникот на општина Новаци,Лазар Котевски застана зад организацијата и одбележувањето на Водици.

„Денес е голем ден за христијанскиот народ,Богојавление Водици ,празник со вековна традиција. Како и секоја година така и оваа го прославуваме овој ден.Ме радува масовноста и посетеноста од жителите, посебно на младите.Во Новаци фрлањето на крстот го организираме со црквата Св.Атанасиј во селото но традицијата се продолжува уште во 10-тина села во општина Новаци.Општината за сите среќници обезбеди паричен ваучер“ рече градоначалникот Котевски.

Овој празник е еден од најголемите христијански празници. Познато е дека се празнувал уште во вториот век од христијанската ера. Водици или Богојавление е денот на кој според христијанското предание Св. Јован Крстител го крстил Исус Христос во реката Јордан.
На овој празник му се дава значење на крштевањето како една од повеќето свети тајни на христијанството. Крштевањето значи и духовно раѓање, односно почеток на човековото живеење во верата. Затоа кумот се смета за духовен родител на крстениот и најблизок роднина.
Со овој празник завршуваат не само дванаесетте т.н. Некрстени денови туку и циклусот зимски празнувања во кој спаѓаат уште и свеченостите поврзани со Бадник, Божик, Нова Година (Василица) и други празници.

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top