Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Шампионките на Македонија, младинките од ЖФК Атлетико на средба со градоначалникот Стевановски

Шампионките на Македонија, младинките од ЖФК Атлетико по потекло од Општина Новаци и нивниот тренер Никола Гелевски денеска остварија средба со градоначалникот на Општина Новаци Стевче Стевановски.

„ Ми претставуваше големо задоволство посетата на младите фудбалерки Емилија Петковска од Горно Агларци, Анабела Стојчевска од Далбеговци и Анита Марковска од Новаци, членки на фудбалскиот клуб ЖФК Атлетико од Битола. Општина Новаци секогаш ќе стои позади ваквите млади таленти и ќе ги помага во остварувањето на нивните спортски достигнувања.Им честитам од срце и им посакувам уште многу успеси во понатамошните натпревар “ рече Стевче Стевановски, градоначалник на Општина Новаци.

Ова е трета титула за оваа генерација фудбалерки, која најави дека следната сезона, повторно ќе се бори за шампионска титула. Нивниот тренер Никола Гелевски, рече дека резултатите се потврда за вложувањата во младинскиот фудбал во Битола, како и поттикнување на спортскиот натпреварувачки дух кај младите луѓе, за што е доста важна и воспоставената соработка со општина Битола.

Овој тим годинава е прогласен за шампион на Република Македонија освојувајќи го првенството во фудбал во категоријата до 17 години. На освојувањето на пехарот им претходеа 22 кола во кои извојувале 20 победи, една нерешена утакмица и ниту еден пораз. Тимот ЖФК Атлетико оваа сезона постигнал вкупно 125 голови а примиле само 6. Тоа се одлични резултати за толку млади спортистки.

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top
Skip to content