Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Чистење на депонијата во Новаци

Градоначалник на општина Новаци, Стевче Стевановски  првата недела од својот мандат ја започна теренски со реализација на предизборните ветувања за чиста и здрава еколошка средина во општина Новаци. Првата работна акција започна со расчистување на депонираниот смет и градежен шут кој на диво се одлага на оваа локација.

„Денеска со екипа од комуналното претпријатие „Комунална хигиена“ Новаци со градежна механизација започнавме со отстранување на одложениот смет и градежен шут кој во огромни количини постои на дивата депонија во Новаци. Изминатите денови ги мапиравме сите вакви депонии на седум локации, и на истите ќе се интервенира  во следниот период  со цел да ја направиме општина Новаци чиста и здрава средина со нулта толеранција за диви депонии. “ рече  Стевче Стевановски , градоначалник на општина Новаци.  

Во наредниот период работата на комуналното претпријатие  ќе се интензивира покрај со расчистување на депониите и со чистење на вегетацијата по коловозите, чистење на речните корита и одводните канали како и одржување на хигиената на јавните површини во општината. Одржувањето на хигиената во општина Новаци е наш приоритет, бидејќи граѓаните заслужуваат да живеат во една чиста и здрава средина“, изјави Стевановски.

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top