Четвртата форумска сесија во Општина Новаци
Денес се одржа четвртата форумска сесија во Општина Новаци со цел на транспарентен начин по мерка на жителите со цел решавање на нивните потреби и изградба на проекти за подобар и поквалитетен живот, да се направи Буџетот на Општина Новаци за 2023 година.
Од вкупно 52 проекти кои беа предложени од жителите во текот на трите форумски сесии, 20 проекти беа ставени на гласање. Според гласовите на жителите најдобро беа рангирани следните проекти:
1.Изградба на Индустриска зона Новаци – 150 поени
2.Пречистителна станица во Новаци – 120 поени
3.Изградба на тоалети во ЦОУ „Славко Лумбарковски“ Новаци – 116 поени
4.Канализација за с. Добромири – 113 поени
4.Систем за наводнување за селата Новаци и Добромири – 116 поени
5.Изградба на пешачка патека до манастирот „Рождество на Пресвета Богородица“ во с. Новаци -109 поени
0 Comments