Честитка од градоначалникот Љубе Кузманоски по повод новогодишните и божиќните празници
Почитувани сограѓани,

Ми претставува особена чест и задоволство од мое лично име и од името на општинската администрација да Ви ги честитам претстојните новогодишни и божиќни празници со желба за многу здравје, среќа и успех.
Зад нас ја оставаме 2018 година ,година во која напорно работевме на реализација на многу проекти и решавање на многу проблеми.Градевме успеси темелени на заедничко работење во дослух и поддршка со граѓаните на општина Новаци .
Со добра мисла за здравје , бериќет, просперитет и развој да ја започнеме годината што ни доаѓа.Сите заедно обединети, сложно, со позитивна енергија и подадена рака да ја дочекаме Новата година и новите предизвици во неа спроведувајќи ги сите наши заложби, идеи и планови во насока на обезбедување на подобри услови за живот на сите граѓани.
Во Новата година да бележиме успеси на сите полиња.Да ја развиваме, унапредуваме и градиме нашата општина во силна , модерна општина со европски лик.
Нека не води единствената мисла со која сите заедно ќе стигнеме до заедничката цел –општина Новаци да стане препознатливо и убаво место за живеење.
Среќни празници !
Со почит
Градоначалник
Љубе Кузманоски
Општина Новаци
0 Comments