Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

ФК Новаци 2005  на подготовки во Струга, в сабота тест меч со Ренова

Амбициозниот второлигаш Новаци веќе неколку дена се подготвува во Струга, каде под водство на тренерот Кире Груевски ќе мине десет дена во кои ќе ја бруси формата со одигрување на неколку тест натпревари. 

Новачани се сместени во струшкиот хотел Бисер, а со екипата се и засилувањата оваа зима Менде Степановски и Благојче Марковски. Во првиот пријателски натпревар, второлигашот загуби од Шкупи со 2-0, предвиден е дуел и со Ренова в сабота и со уште еден противник, кој дополнително ќе биде обезбеден.

Претходно во Охрид, екипата на Новаци одигра 0-0 против Пелистер и 1-1 против Победа. До почетокот на вториот дел од ВМФЛ не е исклучена можноста да биде доведено уште некое засилување, посебно ако Пелистер ослободи уште некој фудбалер од својата школа од обврските.

Најголем проблем за тренерот Груевски е заминувањето на талентираниот Александар Неданоски, кој по отстапката се врати во матичниот Пелистер.

Back to top
Skip to content