Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

УСПЕШНО СПРОВЕДЕНА КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА ВО ОПШТИНА НОВАЦИ

Фотографија на Љубе Кузманоски - Градоначалник на Општина Новаци.

Дарувањето крв е одраз на хуманоста и спасувањето на нечиј живот .

Потребата од вакво хумано дело масовно е препознаена од граѓаните на општина Новаци .
Акцијата ја поздрави градоначалникот Љубе Кузманоски кој се приклучи во истата и даруваше крв .

“Ова е прва краводарителска акција која се организира во нашата општина .Акцијата е дел од Караванот на хуманоста во рамки на Blood Bank-Tenk , Црвениот крст на РСМ , Институтот за трансфузиона медицина од Скопје и општина Новаци .Кога се работи за спасување на нечиј живот и здравјето на граѓаните во време на глобална пандемија и криза , нема нешто посилно и поубаво од несебичноста и хуманоста да внесете светлина и надеж во нечиј живот.Со оглед на големиот број на граѓани кои се пријавија за дарување на крв, се надевам дека оваа акција ќе постане и традиција . ”-истакна Кузманоски .

Од Општина Новаци се испрати заедничка порака :Да бидеме хумани –Да даруваме крв! .

Да се даде дел од себе во време кога човештвото е исправено пред предизвикот на пантемијата од Ковид-19, е достоен чин за почит.

Благодарност до сите 26 дарители на крв.

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top